Хитлер вика од Берлина

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хитлер вика од Берлина:
- Предајте се партизани,
млади моми партизанки!
Моја сила крај си нема,
имам штуки и тенкови,
бомбардери и топови,
ќе изгорам ваша земја,
ваша земја - македонска!
Предајте се, да ви простам!
Штом ги дочул тие зборој
студент Славко Лумбарков,
млад комесар од Битола,
на Хитлера му порача
од кичевски планини:
- Запомни ѕверу германски,
како мина при Сталинград,
така ќе минеш и в Берлин!
Каде си слушнал и видел,
партизан да се предава?!
Напред, другари, во борба!

Извор[уреди]

  • Симо Младеновски, Живко Андреевски (ур.), „Доста ропство и тиранство: македонски народни песни со тематика од НОВ и револуцијата“, Скопје, 1978, 30 стр.