Франце Прешерен/ Молба

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Молба“

од Франце Прешерен



Врти се и по други,
но поглед и мене дај ми,
сврти се кон мене, другарко,
да видам очи ти сјајни!

Ружите глава ведат,
цвеќето брзо вене,
ни птици песни редат
во шумана таму, ене,

ни пчелки вредни таму
во цветон сладок зујат
и рипките весели само
самотна тага ги труе;

ќе свене сè на светов
в природа лична што спие
штом сонце дарбата сета
подолго време ја скрие.

Не растат ружи в поле,
ни птици в шума чудна,
нема ни пчели в пролет,
ни рипки во вода студна

ко мисли јас - што тонат
во љубов гладна, жедна,
па песни копнеат, сонат
да летнат од градва бедна.

Но крила да рашири ширни
о, нема пред да самне
од рајски ти очи самне
пред сјајот жив да пламне.

Па мразот да не ги плаши
со смртни сенки што дават,
пред Словенците наши
честа да ти ја слават.

Не сакај ме мене ти, ако,
но поглед само дај ми,
сврти се кон мене ваков,
да видам очи ти сјајни!