Уставен закон за спроведување на уставните амандмани XV до XXXIX на уставот на Социјалистичка Република Македонија (1971)
Социјалистичка Република Македонија
Назив | Уставен закон за спроведување на уставните амандмани XV до XXXIX на уставот на Социјалистичка Република Македонија | ||
---|---|---|---|
Година | 1971 | ||
Службен весник | Службен весник на СРМ 40/71 | ||
Изгласан | 18 декември 1971 | ||
Објавен | 20 декември 1971 | ||
Законодавен орган | Собрание на Социјалистичка Република Македонија | ||
Правен статус | вон сила
| ||
Викиизвор и авторите на статиите не преземаат одговорност за евентуалните грешки во текстовите. |
I. Примена на Уставните амандмани
[уреди]Член 1
Уставните амандмани XV до XXXIX на Уставот на Социјалистичка Република Македонија (Уставни амандмани) се применуваат од денот кога ќе ги прогласи Републичкиот собор на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, ако во поглед на спроведувањето и преминувањето кон примена на одделни нивни одредби со овој закон не е поинаку одредено.
Член 2
Со денот кога Републичкиот собор ќе ги прогласи Уставните амандмани, престануваат да важат одредбите на републичките закони што се во спротивност со одредбите на Амандманот XVIII и Амандманот XIX кои се однесуваат на правото на работните луѓе на организирање основни организации на здружениот труд, на стекнување и распределба на доходот и на средствата на општествената репродукција, како и на правото на основните организации на здружениот труд на нивно здружување.
Член 3
Одредбите на републичките закони и на другите републички прописи што не се во склад со Уставните амандмани ќе се усогласат со нив во рокот определен со овој закон.
Член 4
Републичките закони односно нивните одредби со кои се утврдени прашања од точка 6 на Амандманот XXX ќе се применуваат до нивното усогласување со Уставните амандмани.
II. Уредување на односите во областите регулирани со сојузните закони што престануваат да важат
[уреди]Член 5
До донесувањето на соодветен републички закон, а најдоцна од 31. XII. 1972 година, во Социјалистичка Република Македонија, ќе се применуваат на сите организации на здружениот труд како одредби на републички закон следните одредби на Основниот закон за претпријатијата („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 17/1965, 31/1967, 48/1968, 55/1969 и 15/1971): членовите 90, до 94 и 116, член 153 став 5 до 7 и член 262, како и одредбите на член 131.
Член 6
До донесувањето на соодветни републички закони, а најдоцна до 31. XII. 1972 година, во Социјалистичка Република Македонија, ќе се применуват како републички закони следните сојузни закони, освен нивните одредби што, според став 2 и 3 на член 16 од Уставниот закон за спроведување на уставните амандмани XX до XLI, остануваат во сила како одредби на сојузни закони, и тоа:
1. Основниот закон за јавните собори („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ 16/1965);
2. Основниот закон за премерот и катастарот на земјиштето („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1965);
3. Основниот закон за филмот („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 30/1962 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 11/1965);
4. Основниот закон за филмскиот придонес („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 30/1968);
5. Основниот закон за утврдување на вредноста на станбените згради, станевите и деловните простории („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 34/1965);
6. Основниот закон за стопанското работење (стопанисувањето) со станбените згради во општествена сопственост („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 35/1965 и 50/1968);
7. Основниот закон за посвојување („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 30/1947 и 24/1952 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 10/1965);
8. Основниот закон за игрите на среќа („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 22/1962 и „Службен весник на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 16/1965);
9. Основниот закон за данокот на добивки од игри на среќа („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 52/1964);
10. Основниот закон за занаетчиските и другите определени видови задруги („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 16/1965);
11. Основниот закон за односите на родителите и децата („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 104/1947, 11/1951, 53/1956 и 4/1957 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 10/1965);
12. Основниот закон за задолжително примање на приправници во работните организации („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 54/1967, 2/1968 и 26/1968);
13. Основниот закон за издавачките претпријатија и издавачките установи („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 44/1959 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1965);
14. Основниот закон за новинарските претпријатија и установи („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 29/1956 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1965);
15. Основниот закон за заштита на воздухот од загадување („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 30/1965);
16. Основниот закон за радиодифузните установи („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1965);
17. Основниот закон за доставување печатени работи до определени установи („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1965);
18. Основниот закон за заштита на културните споменици („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 12/1965);
19. Основниот закон за утврдување на катастарски приход („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 52/1964);
20. Основниот закон за искористување на селскостопанското земјиште („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 25/1965 и 12/1967);
21. Основниот закон за земјоделските задруги („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 13/1965 и 7/1967);
22. Основниот закон за станбените задруги („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 1/1968 и 50/1968);
23. Основниот закон за здобивање со право на сопственост на земјоделски орудија и за користење на земјоделски орудија од страна на граѓани („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 7/1967);
24. Основниот закон за придонесот на средствата за заедничка потрошувачка („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 54/1967, 24/1968 и 50/1968);
25. Основниот закон за санитарната инспекција („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 10/1965);
26. Основниот закон за установите („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 5/1965, 50/1968 и 55/1969);
27. Основниот закон за семето („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 13/1965);
28. Основниот закон за садниот материјал („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 40/1966);
29. Основниот закон за тутунот („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 11/1965 и 25/1970);
30. Основниот закон за квалитетот и контролата на квалитетот на вештачките ѓубриња („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 18/1964);
31. Основниот закон за виното („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 27/1965);
32. Законот за определување на градежното земјиште во градовите и населбите од градски карактер („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 5/1968 и 20/1969);
33. Законот за стручните називи и академските степени („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 13/1963);
34. Законот за минималниот личен доход („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 6/1965, 26/1968, 51/1968, 60/1970 и 7/1971);
35. Законот за селскостопанскиот земјишен фонд од општествена сопственост и за доделување земја на селскостопанските организации („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 22/1953 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 10/1965);
36. Законот за станбените односи („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 11/1968 и 32/1968);
37. Законот за задолжително опфаќање на ризикот од земјотрес во одделни видови осигурување („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 7/1967 и 20/1969);
38. Законот за деловните згради и простории („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 43/1965 и 57/1965);
39. Законот за испитување и жигосување односно обележување на рачно огнено оружје и муниција („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 20/1969);
40. Законот за амортизација на основните средства на работните организации („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 29/1966, 30/1968, 50/1968, 17/1969, 20/1969 и 42/1969);
41. Законот за стопите на амортизацијата на основните средства на работните организации („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 52/1966, 40/1968, 50/1968, 8/1969 и 42/1969);
42. Законот за работењето на стопанските единици на казнено-поправителните установи („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 50/1969);
43. Законот за укнижување на недвижностите во општествена сопственост („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 12/1965);
44. Законот за заверување на потписи, ракописи и преписи („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 105/1947 и 50/1949 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 16/1965 и 7/1967);
45. Основниот закон за правната положба на верските заедници („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 22/1953 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 10/1965);
46. Основниот закон за правосудниот испит („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1967);
47. Основниот закон за организацијата и финансирањето на социјалното осигурување („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 24/1965, 57/1965, 29/1966, 52/1966, 12/1967, 54/1967 и 15/1971);
48. Основниот закон за угостителската дејност („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 8/1965, 15/1968 и 30/1968);
49. Основниот закон за изградба инестиционите објекти („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 20/1967, 30/1968, 55/1969, 60/1970 и 24/1971);
50. Основниот закон за придонесот за користење градско земјиште („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 51/1967 и 11/1969);
51. Основниот закон за ловството („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 16/1965);
52. Основниот закон за насочување и издвојување на средствата за станбена изградба („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 60/1970);
53. Основниот закон за комуналните такси („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 52/1964);
54. Основниот закон за здруженијата на граѓани („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 16/1965);
55. Основниот закон за евиденцијата на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 8/1965);
56. Основниот закон за организацијата и финансирањето на запослувањето („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1965, 51/1965, 47/1966, 55/1969 и 9/1970);
57. Основниот закон за рударството („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 9/1966);
58. Основниот закон за шумите („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 26/1965);
59. Основниот закон за водите („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 13/1965, 50/1968 и 60/1970);
60. Основниот закон за организацијата на превозот со моторни возила во друмскиот сообраќај („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 27/1965 и 30/1968);
61. Основниот закон за искористувањето на луките и пристаништата („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 2/1968);
62. Основниот закон за јавните патишта („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 27/1965, 7/1967 и 10/1970);
63. Основниот закон за финансирањето на општествено-политичките заедници („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 31/1964, 28/1966, 1/1967, 54/1967, 30/1968, 56/1969, 32/1970, 60/1970 и 15/1971);
64. Основниот закон за придонесите и даноците на граѓаните („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 13/1970);
65. Основниот закон за данокот на промет за недвижности и права („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 12/1965 и 32/1968);
66. Основниот закон за прекршоците („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 26/1965, 57/1965 и 15/1967);
67. Законот за искористување на воздухопловните пристаништа („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 12/1964);
68. Основниот закон за бракот („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 28/1965);
69. Основниот закон за старателството („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 16/1965);
70. Законот за експропријација („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 11/1968, 30/1968 и 32/1970);
71. Законот за наледувањето („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 42/1965 и 47/1965);
72. Законот за личното име („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 8/1965);
73. Законот за набавување, држење и носење на оружње („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 52/1967);
74. Законот за нострификација на школските сведителства здобиени во странство („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 12/1967);
75. Законот за печатот и за другите видови информации („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 45/1960 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1965);
76. Основниот закон за средствата за работа на органите на управата („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 46/1964, 57/1965 и 1/1967);
77. Основниот закон за електростопанството („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 17/1967, 9/1968 и 50/1968);
78. Основниот закон за пазарната инспекција („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 12/1965 и 30/1968);
79. Основниот закон за судските такси („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 16/1960 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 10/1965 и 8/1969);
80. Основниот закон за административните такси („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 14/1965, 11/1966, 54/1967, 51/1968 и 52/1969);
81. Законот за организацијата на Југословенските железници („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 5/1966, 50/1968, 55/1968 и 10/1970);
82. Законот за избирачките списоци („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 5/1965 и 8/1969);
83. Законот за гробиштата на борците („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 52/1961 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 9/1965).
Член 7
До донесувањето на соодветени републички прописи, прописите донесени од сојузните органи за извршување на сојузните закони од членовите 5 и 6 на овој закон, ќе се применуваат како републички прописи за извршување на тие закони.
Член 8
Овластувањата на сојузните органи за извршување и применување на сојузните закони од членовите 5 и 6 на овој закон ќе се применуваат како овластувања на соодветните републички органи.
III. Усогласување на републичките закони
[уреди]Член 9
До 31. XII. 1972 година ќе се усгласат со Уставните амандмани следните републички закони односно нивните одредби со кои се уредени прашања од точка 6 на Амандманот XXX, и тоа:
1. Законот за здравственото осигурување и задолжителните видови на здравствена заштита на населението („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 21/1971);
2. Законот за регионално, просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 7/1965 и 16/1967);
3. Законот за уредување и користење на градежното земјиште („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 26/1968 и 20/1971);
4. Законот за придонесот за користење на градско земјиште („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 17/1969);
5. Законот за условите и начинот за остварување на првенствено право за користење на градежно земјиште („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 8/1970);
6. Законот за уредување и одржување на зелените површини („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 45/1968 и 4/1970);
7. Законот за гробиштата („Службен весник на Народна Република Македонија“ број 34/1960 и „Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 17/1965);
8. Законот за оџарската дејност („Службен весник на Народна Република Македонија“ број 31/1961 и 1/1962 и „Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 4/1965);
9. Законот за јавните патишта („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 35/1967);
10. Законот за стопанисување и управување со станбените згради во општествена сопственост („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 12/1966);
11. Законот за постапката за распишување и спроведување на референдум („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 29/1969);
12. Законот за мировните совети („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 21/1968).
Член 10
3аконот за финансирање на образованието и воспитувањето („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 9/1967, 5/1968 и 17/1971) ќе се применува до склучувањето на самоуправните спогодби и договори односно до донесувањето на законот според точка 6 од Амандманот XVIII, а најдоцна до 31. XII. 1972 година.
Член 11
Републичките закони што не се наведени во членовите 9 и 10 на овој закон, ќе се усогласат со Уставните амандмани до 31. XII. 1973 година.
Член 12
Прописите за извршување на републичките закони што според овој закон се усогласуваат со Уставните амандмани, ќе се усогласат едновремено со соодветниот републички закон, а најдоцна во рок од три месеци од денот на неговото усогласување.
IV. Републички органи
[уреди]Член 13
Изборот и конституирањето на Извршниот совет на Собранието на Социјалистичка Република Македонија во склад со Амандманот XXXVIII, ќе се изврши до 31. XII. 1971 година.
Законот за Извршниот совет и Законот за републичките органи на управата, ќе се донесат во рокот од претходниот став.
Член 14
Пратеник на Собранието на Социјалистичка Република Македонија што ќе биде избран за претседател или за член на Извршниот совет според член 13 став 1 од овој закон, по исклучок го задржува пратеничкиот мандат до неговото истечување.
V. Други одредби
[уреди]Член 15
Овој закон влегува во сила кога ќе го прогласи Републичкиот собор на Собранието на Социјалистичка Република Македонија.