Уставен закон за продолжување на роковите од законот за изменување на законот за спроведување на амандманите уставот на СРМ (1973)
Социјалистичка Република Македонија
Назив | Уставен закон за продолжување на роковите утврдени со уставниот закон за изменување и дополнување на уставниот закон за спроведување на уставните амандмани XV до XXXIX на уставот на Социјалистичка Република Македонија | ||
---|---|---|---|
Година | 1973 | ||
Службен весник | Службен весник на СРМ 47/73 | ||
Изгласан | 28 декември 1973 | ||
Објавен | 31 декември 1973 | ||
Законодавен орган | Собрание на Социјалистичка Република Македонија | ||
Правен статус | вон сила
| ||
Викиизвор и авторите на статиите не преземаат одговорност за евентуалните грешки во текстовите. |
Член 1
Сојузните закони во областите за кои до денот на прогласувањето на овој закон не се донесени републички закони согласно Уставниот закон за изменување и дополнување на Уставниот закон за спроведување на уставните амандмани од XV до XXXIX на Уставот на СРМ („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 45/1972), ќе се применуваат како републички закони до денот на донесувањето на соодветните републички закони.
Член 2
Републичките закони кои до денот на прогласувањето на овој закон не се усогласени со уставните амандмани XV од XXXIX на Уставот на СРМ ќе се усогласат до 31. III. 1974 година со уставните амандмани.
Член 3
До донесување на нов републички закон, одредбите на Основниот закон за избори на работнички совети и други органи на управувањето во работните организации („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1964, 32/1967 и 54/1967), по прашањата што не се утврдени со Законот за основите на изборниот систем во организациите на здружениот труд („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 34/1972) ќе се применуваат како одредби на републички закон.
Член 4
Овој закон влегува во сила кога ќе го прогласи Републичкиот собор на Собранието на Социјалистичка Република Македонија.