Уставен закон за продолжување мандатот на пратениците, функционерите и одборниците на општинските собранија (1973)
Изглед
Социјалистичка Република Македонија
Назив | Уставен закон за продолжување мандатот на пратениците на собранието на Социјалистичка Република Македонија и функционерите што ги избира и именува собранието на Социјалистичка Република Македонија и на одборниците на општинските собранија |
---|---|
Година | 1973 |
Службен весник | Службен весник на СРМ 12/73 |
Изгласан | 29 март 1973 |
Објавен | 29 март 1973 |
Законодавен орган | Собрание на Социјалистичка Република Македонија |
Правен статус | вон сила |
Викиизвор и авторите на статиите не преземаат одговорност за евентуалните грешки во текстовите. |
Член 1
На пратениците на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, избрани за периодот 1969-1973 година, и на функционерите што ги избира и именува Собранието на Социјалистичка Република Македонија, на кои мандатот им престанува во истиот рок, им се продолжува мандатот до првата седница на новоизбраното Собрание, а најмногу за една година.
Член 2
На одборниците на општинските собранија, избрани за периодот 1969-1973 година, им се продолжува мандатот до првите седници на новоизбраните собранија, а најмногу за една година.
Член 3
Овој закон влегува во сила кога ќе го прогласи Републичкиот собор на Собранието на Социјалистичка Република Македонија.