Уставен закон за изменување и дополнување уставниот закон за спроведување на уставните амандмани XV до XXXIX на уставот на СР Македонија (1972)

Од Wikisource


Социјалистичка Република Македонија

Назив Уставен закон за изменување и дополнување уставниот закон за спроведување на уставните амандмани XV до XXXIX на уставот на Социјалистичка Република Македонија
Година 1972
Службен весник Службен весник на СРМ 45/72
Изгласан 28 декември 1972
Објавен 29 декември 1972
Законодавен орган Собрание на Социјалистичка Република Македонија
Правен статус   НеН вон сила
Законски измени Уставен закон за продолжување на роковите од законот за изменување на законот за спроведување на амандманите уставот на СРМ (1973)
Изменува/дополнува Уставен закон за спроведување на уставните амандмани XV до XXXIX на уставот на Социјалистичка Република Македонија (1971)
Викиизвор Викиизвор и авторите на статиите не преземаат одговорност за евентуалните грешки во текстовите.


Уставен закон за изменување и дополнување уставниот закон за спроведување на уставните амандмани XV до XXXIX на уставот на Социјалистичка Република Македонија

Член 1

        Во Уставниот закон за спроведување на Уставните амандмани од XV до XXXIX на Уставот на Социјалистичка Република Македонија („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 40/1971 и 4/1972) во член 5, ред 2 зборовите: „1972 година“ се заменуваат со: „1973 година“.

Член 2

        Во член 6, ставот 1 се менува и гласи:
        „До донесувањето на соодветни републички закони, а најдоцна до 31. XII. 1973 година, во Социјалистичка Република Македонија ќе се применуваат како републички закони следните сојузни закони, освен нивните одредбите што, според член 16 од Уставниот закон за спроведување на Уставните амандмани од XX до XLI, остануваат во сила како одредби на сојузни закони, и тоа:
        1. Основниот закон за филмот („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 30/1962 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 11/1965);
        2. Основниот закон за филмскиот придонес („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 30/1968);
        3. Основниот закон за утврдување на вредноста на станбените згради, станевите и деловните простории („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 34/1965);
        4. Основниот закон за стопанското работење (стопанисување) со станбените згради во општествена сопственост („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 35/1965 и 50/1968);
        5. Основниот закон за посвојување („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 30/1947 и 24/1952 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 10/1965);
        6. Основниот закон за занаетчиските и другите определени видови задруги („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 16/1965);
        7. Основниот закон за односите на родителите и децата („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 104/1947, 11/1951, 53/1956 и 4/1957 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 10/1965);
        8. Основниот закон за издавачките претпријатија и издавачките установи („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 44/1959 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1965);
        9. Основниот закон за новинарските претпријатија и установи („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 29/1956 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1965);
        10. Основниот закон за заштита на воздухот од загадување („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 30/1965);
        11. Основниот закон за радиодифузните установи („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1965);
        12. Основниот закон за заштита на културните споменици („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 12/1965);
        13. Основниот закон за искористување на селско-стопанското земјиште („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 25/1965 и 12/1967);
        14. Основниот закон за земјоделските задруги („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 13/1965 и 7/1967);
        15. Основниот закон за станбените задруги („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 1/1968 и 50/1968);
        16. Основниот закон за здобивање со право на сопственост на земјоделски орудија и за користење на земјоделски орудија од страна на граѓани („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 7/1967);
        17. Основниот закон за придонесот на средствата за заедничка потрошувачка („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 54/1967, 24/1968 и 50/1968);
        18. Основниот закон за установите („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 5/1965, 50/1968 и 55/1969);
        19. Основниот закон за семето („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 13/1965);
        20. Основниот закон за садниот материјал („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 40/1966);
        21. Основниот закон за тутунот („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 11/1965 и 25/1970);
        22. Основниот закон за квалитетот и контролата на квалитетот на вештачките ѓубриња („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 18/1964);
        23. Основниот закон за виното („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 27/1965);
        24. Законот за определување на градежното земјиште во градовите и населбите од градски карактер („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 5/1968 и 20/1969);
        25. Законот за стручните називи и академските степени („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 13/1963);
        26. Законот за селскостопанскиот земјишен фонд од општествена сопственост и за доделување земја на селскостопанските организации („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 22/1953 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 10/1965);
        27. Законот за станбените односи („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 11/1968 и 32/1968);
        28. Законот за задолжително опфаќање на ризикот од земјотрес во одделни видови осигурување („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 7/1967 и 20/1969);
        29. Законот за деловните згради и простории („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 43/1965 и 57/1965);
        30. Законот за испитување и жигосување односно обележување на рачно огнено оружје и муниција („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 20/1969);
        31. Законот за амортизација на основните средства на работните организации („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 29/1966, 30/1968, 50/1968, 17/1969, 20/1969 и 42/1969);
        32. Законот за стопите на амортизацијата на основните средства на работните организации („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 52/1966, 40/1968, 50/1968, 8/1969 и 42/1969);
        33. Законот за работењето на стопанските единици на казнено-поправителните установи („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 50/1969);
        34. Законот за укнижување на недвижностите во општествена сопственост („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 12/1965);
        35. Основниот закон за правната положба на верските заедници („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 22/1953 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 10/1965);
        36. Основниот закон за организацијата и финансирањето на социјалното осигурување („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 24/1965, 57/1965, 29/1966, 52/1966, 12/1967, 54/1967 и 15/1971);
        37. Основниот закон за угостителската дејност („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 8/1965, 15/1968 и 30/1968);
        38. Основниот закон за изградба инестициони објекти („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 20/1967, 30/1968, 55/1969, 60/1970 и 24/1971);
        39. Основниот закон за ловството („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 16/1965);
        40. Основниот закон за насочување и издвојување на средствата за станбена изградба („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 60/1970);
        41. Основниот закон за организацијата и финансирањето на запослувањето („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1965, 51/1965, 47/1966, 55/1969 и 9/1970);
        42. Основниот закон за рударството („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 9/1966);
        43. Основниот закон за шумите („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 26/1965);
        44. Основниот закон за водите („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 13/1965, 50/1968 и 60/1970);
        45. Основниот закон за организацијата на превозот со моторни возила во друмскиот сообраќај („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 27/1965 и 30/1968);
        46. Основниот закон за искористувањето на луките и пристаништата („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 2/1968);
        47. Основниот закон за јавните патишта („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 27/1965, 7/1967 и 10/1970);
        48. Основниот закон за финансирањето на општествено-политичките заедници („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 31/1964, 28/1966, 1/1967, 54/1967, 30/1968, 56/1969, 32/1970, 60/1970 и 15/1971);
        49. Основниот закон за прекршоците („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 26/1965, 57/1965 и 15/1967);
        50. Законот за искористување на воздухопловните пристаништа („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 12/1964);
        51. Основниот закон за бракот („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 28/1965);
        52. Основниот закон за старателството („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 16/1965);
        53. Законот за експропријацијата („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 11/1968, 30/1968 и 32/1970);
        54. Законот за наледувањето („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 42/1965 и 47/1965);
        55. Законот за печатот и за другите видови информации („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 45/1960 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1965);
        56. Основниот закон за средствата за работа на органите на управата („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 46/1964, 57/1965 и 1/1967);
        57. Основниот закон за електростопанството („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 17/1967, 9/1968 и 50/1968);
        58. Основниот закон за пазарната инспекција („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 12/1965 и 30/1968);
        59. Законот за организацијата на Југословенските железници („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 5/1966, 50/1968, 55/1968 и 10/1970);
        60. Законот за избирачките списоци („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 5/1965 и 8/1969);
        61. Законот за гробиштата на борците („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 52/1961 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 9/1965);
        62. Законот за прогласување на исчезнатите лица за умрени и за докажување на смртта („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 24/1952);
        63. Законот за данокот на добивка на странски лица што вложуваат средства во домашна стопанска организација за заедничко работење („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 31/1967 и 9/1968);
        64. Законот за сопственоста со делови од згради („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 43/1965 и 57/1965);
        65. Основниот закон за заштита при работа („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1965 и 28/1966);
        66. Законот за промет со земјишта и згради („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 43/1965, 57/1965 и 17/1967);
        67. Основниот закон за работните односи („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 12/1970), освен одредбите што се во надлежност на Федерацијата;
        68. Основниот закон за здравствениот надзор над производите за општата употреба („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 16/1965);
        69. Основниот закон за здравствениот надзор над прехранбените производи („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 34/1965)“.

Член 3

        Член 9 се менува и гласи:
        „До 31. XII. 1973 година ќе се усогласат со Уставните амандмани следните републички закони односно нивните одредби, со кои се уредени прашањата од точка 6 на Амандманот XXX, и тоа:
        1. Законот за здравственото осигурување и задолжителните видови на здравствена заштита на населението („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 21/1971);
        2. Законот за регионално, просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 7/1965 и 16/1967);
        3. Законот за условите и начинот за остварување на првенствено право за користење на градежно земјиште („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 8/1970);
        4. Законот за гробиштата („Службен весник на Народна Република Македонија“ број 34/1960 и „Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 17/1965);
        5. Законот за оџарската дејност („Службен весник на Народна Република Македонија“ број 31/1961 и 1/1962 и „Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 4/1965);
        6. Законот за јавните патишта („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 35/1967);
        7. Законот за стопанисување и управување со станбените згради во општествена сопственост („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 12/1966);
        8. Законот за постапката за распишување и спроведување на референдум („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 29/1969);
        9. Законот за мировните совети („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 21/1968)“.

Член 4

        Во член 10, ред 6, зборовите: „1972 година“ се заменуваат со: „1973 година“.

Член 5

        Овој закон влегува во сила кога ќе го прогласи Републичкиот собор на Социјалистичка Република Македонија.