Уставен закон за изменување и дополнување на уставниот закон за спроведување на уставот на СР Македонија (1965)

Од Wikisource


Социјалистичка Република Македонија

Назив Закон за изменување и дополнување на уставниот закон за спроведување на уставот на Социјалистичка Република Македонија
Година 1965
Службен весник Службен весник на СРМ 2/65
Изгласан 22 јануари 1965
Објавен 25 јануари 1965
Законодавен орган Собрание на Социјалистичка Република Македонија
Правен статус   НеН вон сила
Изменува/дополнува Уставен закон за спроведување на уставот на Социјалистичка Република Македонија (1963)
Викиизвор Викиизвор и авторите на статиите не преземаат одговорност за евентуалните грешки во текстовите.


Закон за изменување и дополнување на уставниот закон за спроведување на уставот на Социјалистичка Република Македонија

Член 1

        Член 23 од Уставниот закон за спроведување на Уставот на Социјалистичка Република Македонија се менува и гласи:
        „Подрачјето на Град Скопје се определува со законот со кој се утврдуваат подрачјата на општините во Социјалистичка Република Македонија“.

Член 2

        Во член 25 став 2 се брише.

Член 3

        Член 31 се брише.

Член 4

        По член 44 се додаваат нови членови со следнава содржина:

Член 4а

        По исклучок од претходниот член, на изборите за избор одборници на општинските собранија што ќе се одржат во 1965 година, ќе се изврши избор на сите одборници на обата собора на собранијата на општините што ќе бидат определени со законот со кој ќе се утврдат подрачјата на општините. На овие избори ќе се изврши избор на сите одборници и на Градското собрание на Скопје.
        На половината одборници од секој собор на општинските собранија и на Градското собрание избрани на изборите од претходниот став мандатот им трае две години.
        Изборните единици во кои на одборниците на општинските собранија избрани на овие избори мандатот им трае две години ќе се определат со одлуката со која ќе се утврдат изборните единици.
        Градското собрание на Скопје, во согласност со општинските собранија од подрачјето на градот, ќе утврди на кои одборници на Градското собрание избрани на овие избори мандатот им трае две години.

Член 4б

        На изборите од претходниот член можат да бидат кандидирани и одборниците што биле избрани на првите избори по донесувањето на Уставот на Социјалистичка Република Македонија.“

Член 5

        Во член 45 став 1 се менува и гласи:
        „Изборот на одборниците на општинските собранија од член 44-а од овој закон и на Градското собрание на Скопје на местото на оние чии мандат трае две години ќе се изврши најдоцна во април 1967 година, а на местото на оние чии мандат трае четири години најдоцна во април 1969 година. На одборниците на кои им истекува мандатот, функцијата им престанува најдоцна на 15 април во годината во која се вршат изборите“.
        Во став 2 ред 3 и 4 зборот „мај“ се заменува со зборот „април“, а наместо „15 мај“ се става „10 мај“.
        По сегашниот став 2 се додава нов став 3 со следнава содржина:
        „На пратениците на Собранието избрани на изборите во 1963 година во изборните единици чии називи или подрачја ќе се утврдат односно изменат во 1965 година, мандатот им трае до истекот на времето за кое се избрани“.

Член 6

        Овој закон влегува во сила со денот на неговото прогласување.