Турчин ми кара

Од Wikisource
Турчин ми кара, клета робиња,
Боса ја кара по љута слана,
силно ја бие по бело лице
По бело лице по рамна снага,
Тја му се моли, пусни ме аго
Пусни ме аго дома да ида,
дома да ида дете да вида.
Остила го сам самичко в љуљка
самичко в љуљка в празна кашча.
Турчин си бие клета робиња,
не дава дома да иде,
дома да иде дете да види
Робиња плаче, плаче нарежда,
Прости ми синко Стојане,
че те тебе клета оставих,
в баштини двори без башта
в мајчини постели без маќа
Кога синко пораснеш,
кога ти руба заприлега,
земи си пушка бердана
пушката синко, сабјата,
мене синко нема да врнеш,
сестра ти Стојане
на Турчин не давај


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Надворешна врска[уреди]

Музика

Поврзано[уреди]

Забелешка[уреди]

  • Оваа песна е од Банско, Пиринска Македонија.