Тргнала ми мома Рума

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тргнала ми мома Рума
Низ гора зелена,
И по неа Стојан овчар
С меден кавал свири.
Рефрен:
Руме моме, Руме изгорев за тебе.
Со кавали свири Стојан овчар,
Ситна роса паѓа,
И на Рума подвикува:
Стој причекај Руме.
Рефрен:
Руме моме, Руме умирам за тебе.
Ќе ти колам рудо јагне
Дали би ме зело?
Зело би те зело лудо
Ама куќа немаш.
Ќе ти купам свилен дулак
Дали ќе го носиш?
Не купувај не арчи се
Тебе не те сакам.
Рефрен:
Руме моме, Руме умирам за тебе.


PD-icon.svg Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Музика Блог за македонски народни песни