Топови грмат, земјата трештит

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Топови грмат, земјата трештит,
славна Дебарца огон горит.
Жените пиштат, децата плачат,
моми се кријат во горите.
Од една страна партизаните,
од друга страна фашистите,
на срешта стои Петре Пирузе,
верна дружина командува.
- Удрете браќа, не се боите,
скоро ќе падне Германија!

Извор[уреди]