Прејди на содржината

Таму ле мајко близу Битола

Од Wikisource
Таму ле мајко, близу Битола,
во ореовската густа корија,
Таки Даскалот смело загина
со неговата верна дружина,
со нив загина смела девојка,
млада Елпида Карамандова.
Предадени од клети шпиуни,
ги сардисаа од сите страни,
пушки згрмеа, бомби трештеа,
крвава почна борба нерамна.
Тогај извика Таки Даскалот
на неговата верна дружина:
- Фрлајте бомби, тиран сотрете,
живи во рака не се давајте.
Клети тирани во борба нерамна
сета дружина му ја убија,
Таки Даскалот жив не се даде,
откачи бомба, над неа легна,
самиот крвта си ја пролеа,
за слободата на Македонија.

Извор

[уреди]