Сулејман седит на кулата

Од Wikisource

Сулејман седит на кула, џанам
Милјана одит на вода.
Извикнал Сулејман ага, џанам:
- „Милјано моме убаво,
остави стомни шарени.“

Остави стомни шарени, џанам,
качи се горе на кула.
Качи се горе на кула, џанам,
отвори долап мусандра.

Извади шише ракија, џанам,
тури ми да се напијам.
Да пијам, да се опијам, џанам,
на скути да ти преспијам,
од грло да ти летувам.

Поврзано[уреди]