Прејди на содржината

Страшливецот

Од Wikisource
Страшливецот

од македонските народни приказни
Анегдота.

Си биле маж и жена. На мажот му било страв да излезе сам понадвор, а излегувал со жената си. Една ноќ грејала месечината и тој излегол со кросното и со жената и рекол:
— Е, мори месечино, колку ергелиња сум крал со тебе! Колку добици!

Жената извикала:
— Камо го сега волкот, да те изеде!

Тој го клал кросното под мишки и трчал да бега. Се запрел на вратата, не можел да влезе од кросното и чинел оти волкот го тргал, викал на жената и, од страв, пукнал на вратата.



Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.