Стојане море Стојане

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Стојане, море Стојане, сине
три се лавчиња вдавија.
Три се лавчиња вдавија, сине
стрико ти прв да убијат.

Стојане, ќе те обесат, сине
сред село на ?,
зашто си љубел момите, сине
ем калешите невести.
Ем калешите невести, сине,
ем сиротите вдовици.

Мајко ле моја, мајчице мила,
кога ќе мене да бесат,
високо да ме дигает мајко,
момите да ме гледает.
Лицето да им венеит, мамо
срцето да им копнеит.
Срцето да им копнеит, мајко,
снагата да им треперит.

Поврзано[уреди]