Стар Свети Петар уф заднани леже

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стар Свети Петар уф заднани леже
уф зандани леже, нокти си реже,
нокти си реже, пиле си ране.
Јади ми јади, ти милно пиле,
јас ки та пушкам на ден Петровден,
ти да ми донциш три класа жито.
Јас да разберам кога е лето,
кога е лето, лето пролето.
Јади ми јади, ти милно пиле,
јас ки та пушкам да долната земја,
на ден Крстовден, на ден Крстовден.
Ти да ми донциш три зрна грозде,
јас да пузнаја кога е есен, есен проесен.

Поврзано[уреди]

Забелешка[уреди]

  • Оваа песна е од Воденско.