Стани ми Геле, Ангеле

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Стани ми Геле, Ангеле
стани ми чедо на мама
пуста се зора зазори
над гора сонце огреа.

Стани ми Геле, Ангеле
облечи руба ајдучка
нарами пушка берданка
и тргни синко в планина.

И тргни синко в планина
таму е твојта дружина
за наш'та мила родина
за наш'та Македонија.

Поврзано[уреди]