Стани запали Тинке борина

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стани запали Тинке борина
Да не ти влезам Тинке в'темнина (2 пати)
Јас ќе си земам Тинке појасот
Да не ти грешам Тинке коланот (2 пати)
Јас ќе си земам Тинке појасот
Да не ти грешам Тинке герданот (2 пати)
Влези си лудо море земи си
Мојот се гредан лудо познава (2 пати)
Колку камчиња лудо по земи
Толку е сребро лудо на него (2 пати)
Стани запали Тинке борина
Да не ти влезам тинке в'темнина (2 пати)


PD-icon.svg Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Музика Блог за македонски народни песни