Стани Станке

Од Wikisource

Стани Станке, стани ќерко
сонце те огреа
сонце те огреа Станке мори
на белото лице.

Стани Станке, стани ќерко
дворој да изметиш
дворој да изметиш Станке мори
стројници ќе дојдат.

Стројници ќе дојдат, Станке
тебе ќе те земат
тебе ќе те земат Станке мори
многу на далеку.

Многу на далеку,Станке
многу на далеку
многу на далеку Станке мори
преку три планини.

Поврзано[уреди]