Списание „Вардар“/ Современ живот

Од Wikisource
Народни песни Списание „Вардар“ на стар македонски правопис

од Крсте Петков Мисирков
Словенството
Обіавено во списанието Вардар на 1 септември 1905 во Одеса.
Современ живот

I. Мак’едониіа

Во Маќедонија летово, шчо помина, биде, во сравнениіе со поминатите лета, по спокоіно. Тоа се обіаснуват со многи причини. Коіи сет тиіе, лесно се обіаснуват. Наіпрво, народот іер во іекономцќи однос совршено расипан, па затоа тоі не можит повеќе да поддржуват со пари никакви големи востаін’а. Друго, народот изгуби свекоіа вера во возможноста да се достигнит со востаін’е та цел’, за достигаін’ето на коіа тоі досега пренесел толку жртви и страдаін’а. Треќо, положеін’ето на народот маќедонцќи и сега іет за завидуваін’е, као шчи не бил тоі и досега, но сега имат малечка разлика во сравнеін’е со преѓашното: сега имат во Маќедониіа нąтре офицери, рисіани – іевропеіци, и цивилни агенти на Хилмо-паша; това іет малко во сравнеін’е со тоа, шчо се очекуваше до востаін’ето од 1903 година, но това іет многу во сравнеін’ со то, шчо беше до виведуваін’ето на Міурцштегцќите реформи. Четворто и наіглавно, летово, као и за свето време од свршуваін’ето на востаін’ето на 1903 година и досега, во Маќедониіа царуват миѓурисіанцка воорąжена борба водена по инициіативата и на материіални стретства на нациіоналните пропагани. При тоа таіа меѓурисіанцка борба во жестокоста ѝ помина свите жестокости правени от турците над рисіаните, на коіи рисіаните се опираіе, бараіќи од Іевропа помоќ, као по слаби, против по силните притиспители – турците. Меѓурисіанцката борба во Маќедониіа, не само го ослабуват маќедонцкиіот народ и му готвит гибел’, не само правит новозможна борба со културни средства за равноправност на свите народности во Маќедониіа, ами та покажуват, оти рисіаните сет не помалце груби от турците, оти тиіе сет не просветени, но жестоќи от турците и оти, ако тиіе добиіат власт во рąце, ќе си триіат сол’ на главата іедни со друзи и турците. К’е се надеіаме, оти развиваін’ето на нациіоналното саосознаваін’е на маќедонцкиіот народ ќе іе направит деіател’носта на пропагандите безпочвена и со тоіа ќе се кладит краі на зверствата, шчо ѝ вршат над мирните сел’ани орąдиіата на тиіе пропаганди.

Видете исто така