Сношти го видов убавото Стојне

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето


Сношти го видов, мамо мори, убавото Стојне
Сношти го видов, мамо мори, убавото Стојне.
Стојне бре, Стојне, стапни ми на нога,
ерген бре дилбер, елај ми на колено.

Убавото Стојне, ле мамо, алтан чело има,
Стојниното лице, мамо, солунско симитче.
Стојне бре, Стојне, стапни ми на нога,
ерген бре дилбер, елај ми на колено.

Стојнините очи, ле мамо, црни, черешови,
Стојнините веѓи, ле мамо, морски пијавици.
Стојне бре, Стојне, стапни ми на нога,
ерген бре дилбер, елај ми на колено.

Стојнината снага, ле мамо, тенка ка топола,
Стојниното грло, ле мамо, лично огледало.
Стојне бре, Стојне, стапни ми на нога,
ерген бре дилбер, елај ми на колено.

Поврзано[уреди]