Прејди на содржината

Сметкопотврда за транспортни трошоци платени од бугарската држава за превоз на 4137 Евреи од Македонија до логорот на смртта Треблинка

Од Wikisource
Сметкопотврда за трошоците за превоз што бугарската држава ги плати за превоз на 4137 еврејски граѓани од Македонија до нивната смрт во Треблинка

од Влада на Бугарија
Превод од бугарски јазик


Сметкопотврда за исплатени трошоци за превоз на 4137 (3545 возрасни и 592 деца) Евреи од Македонија до логорот на смртта Треблинка

Софија, 13 октомври 1943 г

ул „Албанска“бр 56

Главна дирекција

Железници и пристаништа

Железничарска каса

Бугарско официално патно биро „Балкан“

Но. III/01.2504


Потврда


Со следното потврдуваме дека цената на билетите за двата специјални воза со кои превезоа на 25.III о.г. 1748 возрасни и 197 деца од 4-10 год. од еврејско потекло од Скопје до Треблинка и на 28.III о.г. 1797 возрасни и 395 деца од 4-10 години од еврејско потекло, изнесува 7,144,317 /седум милиони сто четириесет и четири триста и седумнаесет/ лева.

Тие возови беа испратени по барање на Комесарството за еврејски прашања, кое ја исплати цената на тие два воза со чекови во вредност 4,827,395 лева од 23 март о.г. , чек со вредност 2,000,000 лева од 29 март о.г. и чек со вредност 316,922 лева од 13 октомври о.г.

Ова му се издава на Комесарството за еврејски прашања, за да им послужи како документ за раздолжување.

Балкан Бугарско официјално патно биро Потпис Комесар (потпис нечиток) три различни печати, таксена марка од 10 лева