Сл. весник / РМ / 2004 / 38 - Закон за семејството (Изменување и дополнување)

Од Wikisource
во сила 1992.12.22 #80, Закон за семејството
во сила 2008.12.22 #xx, Пречистен текст
Со денот на отпочнување на примената на овој закон, престануваат да важат:
вон сила 1973.xx.xx #35, Законот за брак
вон сила 1973.xx.xx #5, Законот за односите на родителите и децата
вон сила 1973.xx.xx #5, Законот за посвојувањето
вон сила 1973.xx.xx #5, Законот за старателство
вон сила 1978.xx.xx #13, Законот за посебни процесни постапки во семејните спорови


Член 1


Во Законот за семејството ("Службен весник на Република Македонија" број 80/92 и 9/96) членот 1 се менува и гласи: "Cо овој закон се уредуваат: бракот и семејството, односите во бракот и семејството, одредени облици на посебна заштита на семејството, нарушените односи и насилството во бракот и семејството, посвојувањето, старателството, издржувањето, како и постапката пред судот во брачните и семејните спорови."

Член 2


Во членот 4 се додава нов став 2, кој гласи: " Републиката обезбедува заштита на бракот и семејството од нарушени односи и насилство во бракот и семејството. "

Член 3


Во членот 14 став 1 по зборот "семејството," се додаваат зборовите: "насилството во бракот и семејството, дел од работите сврзани со".

По ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи: "За работите од ставот 1 на овој член кои се однесуваат на посвојувањето одлучува Комисија за засновање на посвојување при Министерството за труд и социјална политика (во натамошниот текст: Комисија)."

Bо ставот 2 кој станува став 3 по зборовите: "центарот за социјална работа" се додаваат зборовите: "и Комисијата", а зборот "применува" се заменува со зборот "применуваат".

По ставот 3 кој станува став 4 се додава нов став 5, кој гласи: "По жалбите изјавени против решенијата на Комисијата решава соодветна комисија за работи од социјалната политика при Владата на Република Македонија( во натамошниот текст: Комисија при Владата на Република Македонија). "

Ставот 4 кој станува став 6 се менува и гласи: "Жалбите изјавени против решенијата на центарот за социјална работа и Комисијата не го задржува нивното извршување. "

Член 4


По членот 14 се додаваат два нови члена 14-а и 14-6, кои гласат: "

Член 14-а


Овластувањето за спроведување на извршувањето на решенијата на центарот за социјална работа, службеното лице го докажува со легитимација. Легитимацијата на службеното лице ја издава министерот за труд и социјална политика. Образецот на легитимацијата на службеното лице и начинот на нејзиното издавање го пропишува министерот за труд и социјална политика.

Член 14-б


Бројот на извршителите и овластувањата кои ги имаат извршителите ги определува министерот за труд и социјална политика со решение."

Член 5


По членот 33 се додава нов член 33-а, кој гласи: "

Член 33-а


Се забранува секаков вид на насилство во бракот и семејството."

Член 6


Во членот 46 по ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи: "Детето има право да биде издржувано од своите родители, да биде згрижено, да биде заштитен неговиот живот и здравје, да биде оспособено за самостоен живот и работа, да му се обезбедат оптимални услови за негово воспитување, школување и стручно оспособување, зависно од условите на семејството."

Член 7


Во членот 47 по ставот 2 се додава нов став 3, кој гласи: "Детето има право да одржува лични односи и непосредни контакти со родителот со кого не живее." Во ставот 3 кој станува став 4 по зборот "односи" се додаваат зборовите: "и непосредни контакти".

Член 8


Bо членот 48 по ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи: "Детето има право да биде застапувано од своите родители или старатели."

Член 9


Во членот 56 став 3 по зборот "исчезната," се додаваат зборовите: "со непозната адреса или со ограничена или одземена деловна способност,".

Член 10


Во членот 79 став 1 во првата реченица по зборот "односи" се додаваат зборовите: "и непосредните контакти", а втората реченица се заменува со нова реченица, која гласи: "Доколку родителите на детето во рок од најмногу два месеца не се согласат за начинот на одржување на личните односи и непосредни контакти со детето, центарот за социјална работа донесува решение за тоа." По ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи: "При определување на личните односи и непосредните контакти на детето со родителот, центарот за социјална работа го информира детето и ги зема предвид неговите ставови и мислења во зависност од возраста и степен на развиток и го известува за можните последици од одлуките." Во ставовите 2 и 3 по зборот "односи" се додаваат зборовите: "и непосредни контакти". Ставовите 2, 3 и 4 стануваат ставови 3, 4 и 5.

Член 11


Во членот 80 став 3 по зборот "односи" се додаваат зборовите: "и непосредни контакти".

Член 12


Во членот 82 по зборот "односи" се додаваат зборовите: "и непосредни контакти".

Член 13


Во членот 87 по ставот 1 се додаваат четири нови става 2, 3, 4 и 5, кои гласат: "Центарот за социјална работа може да донесе решение, со кое на родителот кој подолго од три месеца не давал издржување за детето, ќе му го ограничи правото да одржува лични односи и непосредни контакти со детето, се додека не ги изврши обврските спрема детето. Центарот за социјална работа ќе донесе решение со кое на родителот кај кого детето не е доверено на чување и воспитување, ќе му го ограничи правото на одржување на лични односи и контакти со детето, доколку неоправдано повеќе од три пати непрекинато, не го почитувал решението на центарот за социјална работа. Центарот за социјална работа може да донесе решение со кое ќе го даде детето на престој кај родителот на кого детето не му е доверено на чување и воспитание, одреден временски период, но не подолго од 15 дена, доколку повеќе од два пати едно по друго другиот родител неоправдано не го почитувал решението на центарот за социјална работа. Центарот за социјална работа ќе донесе решение со кое на родителот ќе му го ограничи правото на одржување на лични односи и контакти со детето или истите ќе му ги забрани за одреден временски период, но не подолго од шест месеца, доколку во рокот определен со решението не го вратил детето или го задржал подолго од времето определено во решението или го однел во непознат правец. " Ставот 2 кој станува став 6 се менува и гласи: "Центарот за социјална работа ќе донесе решение со кое времено ќе го довери детето на другиот родител, трето лице или ќе го смести во друго семејство или во соодветна установа, како последен избор, доколку има сознанија дека личните односи и непосредните контакти на детето се прекинати подолго од два месеца поради не постапување по решение на центарот за социјална работа од страна на родителот кај кого детето е доверено или поради нарушени партнерски односи, кои штетно се одразуваат врз развојот на детето. " По ставот 3 кој станува став 7 се додава нов став 8, кој гласи: "Во случаите од ставовите 1, 2, 3, 4, 5, 6 и 7 на овој член, центарот за социјална работа ги задолжува родителите да посетат соодветно советувалиште. " Ставот 4 станува став 9.

Член 14


Во членот 90 по ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи: "Како злоупотреба или грубо занемарување на родителските должности во смисла на ставот 1 од овој член, ќе се смета ако родителот: - спроведува физичко или емоционално насилство над детето; - полово го искористува детето; - го присилува детето на работа која не одговара на неговата возраст; - му дозволува употреба на алкохол, дрога или други психотропни супстанции; - го наведува детето на општествено неприфатливи поведенија; - го напуштил детето и подолго од три месеца не се грижи за детето и - ако на кој било друг начин грубо ги крши правата на детето. " Ставот 2 станува став 3.

{{cl|15}

По членот 94 се додава нова глава VI-A "Нарушени односи и насилство во бракот и семејството" и 12 нови члена 94-а, 94-6, 94-в, 94-г, 94-д, 94-ѓ, 94-е, 94-ж, 94-з, 94-ѕ, 94-и и 94-ј, кои гласат:

"VI-a Нарушени односи и насилство во бракот и семејството

Член 94-а


Лицата кои живеат во брак, односно семејство се должни меѓусебно да се почитуваат , помагаат и заштитуваат.

Член 94-б


Се забранува секаков вид на насилство меѓу членовите на семејството, без оглед на пол и возраст. Под насилство во бракот и семејството (во натамошниот тест: семејно насилство) од ставот 1 на овој член се смета однесување на член на семејството кој со примена на сила, закана и заплашување врши телесни повреди, емоционална или сексуална злоупотреба и материјално, сексуално или работно искористување на друг член на семејството. Како насилство од ставот 2 на овој член, се смета однесување сторено: - од едниот брачен другар врз другиот брачен другар кои живеат или живееле во брачна или вонбрачна заедница или во кој било вид заедница како семејство или ако имаат заедничко дете; - меѓу браќа и сестри, полубраќа и полусестри; - над дете; - над постарите членови во семејството и - над лица - членови на семејството чија деловна способност е делумно или целосно одземена.

Член 94-в


Жртва на семејно насилство може да биде кој било член од семејството, без оглед на пол и возраст. Извршител на семејно насилство може да биде: брачниот или вонбрачниот другар, поранешниот брачен или вонбрачен другар, лицето кое живее или живеело во заедница со лицето жртва на семејното насилство, лице со кое се има заедничко дете или лице кое е поврзано до четврти степен на крвно сродство и втор степен по сватовство со овие лица, или се со нив во брачна или вонбрачна заедница или во друг вид на заедница на живеење.

Член 94-г


Центарот за социјална работа секогаш кога има сознанија дека во семејството се нарушени семејните односи или има семејно насилство сам или на барање на член од семејството презема мерки за заштита на семејството и лицата кои се жртва на семејното насилство. Центарот за социјална работа секогаш кога има сознанија дека во семејството постои семејно насилство врз малолетно дете или лице со ограничена или одземена деловна способност презема мерки за заштита. Сознанијата од ставовите 1 и 2 на овој член, Центарот за социјална работа ги добива од граѓани, службени и правни лица, кои се должни без одлагање да го известат Центарот за таквите сознанија. Центарот за социјална работа секогаш кога има сознанија дека во семејството постои семејно насилство ги презема следниве мерки на заштита:

1) обезбедува нужно сместување за лицето - жртва на насилството, кое може да трае најмногу шест месеца, со можност за продолжување за уште шест месеца;

2) обезбедува соодветна здравствена заштита;

3) обезбедува соодветна психо-социјална интервенција и третман;

4) ги упатува во соодветно советувалиште;

5) доколку во семејството има дете кое е на редовно школување, помага за продолжување на редовното образование;

6) го известува органот за прогон;

7) дава секаков вид на правна помош и застапување;

8) покренува постапка пред надлежниот суд;

9) по потреба поднесува барање до судот за изречување на привремена мерка за заштита и

10) презема други мерки за кои ќе оцени дека се неопходни за решавање на проблемот.

Центарот за социјална работа ги презема мерките од ставот 4 на овој член кога извршител на семејното насилство е некое од лицата утврдени во членот 94-в на овој закон.

Член 94-д


Центарот за социјална работа ќе поднесе барање за изречување на привремена мерка за заштита од семејно насилство до судот за малолетни и деловно неспособни лица секогаш кога родителот, старателот или законскиот застапник тоа нема да го сторат. Центарот за социјална работа, барањето од ставот 1 на овој член, за полнолетни и деловно способни лица, ќе го достави до судот, само со согласност на жртвата на семејното насилство.

Член 94-ѓ


Центарот за социјална работа кон барањето од членот 94-д на овој закон доставува записник и извештај за преземените дејствија, во кој може да даде и предлог за изречување на привремена мерка со предлог на мерка.

Член 94-е


Центарот за социјална работа, доколку има сознанија дека се извршени дејствија од членот 94-6 на овој закон поднесува барање до надлежниот суд за изречување на привремена мерка, со која судот може на сторителот на семејното насилство да:

1) забрани да се заканува дека ќе стори семејно насилство;

2) забрани да малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин комуницира со член на семејството, директно или индиректно;

3) забрани да се приближува до живеалиштето, училиштето, работното место или определено место кое редовно го посетува друг член на семејството;

4) одреди отстранување од домот без оглед на сопственоста, до донесување на конечна одлука од надлежниот суд;

5) забрани да поседува огнено или друго оружје или истото да му биде одземено;

6) го задолжи да ги врати предметите кои се потребни за задоволување на секојдневните потреби на семејството;

7) изрече задолжително издржување на семејството;

8) нареди тужениот да посетува соодветно советувалиште;

9) нареди задолжително лекување, доколку е корисник на алкохол и други психотропни супстанции или има некое заболување;

10) го задолжи да ги надомести медицинските и другите трошоци настанати од семејното насилство и

11) изрече која било друга мерка која судот ќе ја смета за неопходна за да се обезбеди сигурност и добросостојба на другите членови на семејството.

Член 94-ж


Предлог за изречување привремена мерка може да поднесе брачниот другар, родителите или децата или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, поранешен брачен другар или лица кои се наоѓаат во блиски лични односи кон кои се преземени дејствија на семејно насилство, без оглед дали е поднесена тужба во кривична постапка. Родител, старател или законски застапник може да поднесе предлог во име на малолетно дете и лице со ограничена или одземена деловна способност, како и за лице над кое е продолжено родителското право. Предлогот од ставовите 1 и 2 на овој член лицата го доставуваат до надлежниот центар за социјална работа определен според местото на живеење на жртвата на семејното насилство.

Член 94-з


Привремената мерка за заштита од семејно насилство може да трае најмногу една година. Доколку семејното насилство продолжи и по истекот на мерката од членот 94-е на овој закон, центарот за социјална работа може да поднесе барање за продолжување на некоја од мерките.

Член 94-ѕ


Центарот за социјална работа го следи извршувањето на изречената мерка и за текот на спроведувањето на мерката го известува судот на негово барање.

Член 94-и


Центарот за социјална работа може да поднесе предлог до надлежниот суд за укинување на изречената мерка и пред истекот на рокот за кој е изречена мерката, доколку оцени дека истата ја постигнала целта заради која е изречена. Центарот за социјална работа може да поднесе предлог за измена на изречената мерка или за нејзино продолжување, доколку оцени дека изречената мерка е несоодветна или дека ќе ги постигне бараните резултати, но дека за тоа е потребно истата да трае подолг временски период.

Член 94-ј


Во спроведување на заштитните мерки центарот за социјална работа соработува со граѓани, правни лица и организации."

Член 16


Во членот 95 став 2 зборот "десет" се заменува со зборот "дванаесет".

Член 17


Во членот 97 став 1 по зборот "во" се додаваат зборовите: "согласност со најдобриот", a во ставот 2 зборовите: "центарот за социјална работа" се заменуваат со зборот "Комисијата".

По членот 97 се додаваат три нови члена 97-а, 97-6 и 97-в, кои гласат:

"

Член 97-а


Комисијата е составена од пет члена именувани од министерот за труд и социјална политика.

Член на Комисијата може да биде лице кое работи најмалку 15 години во областа и кое се истакнало во работењето. Комисијата во својот состав мора да има: правник, педагог, психолог и социјален работник. Мандатот на членовите на Комисијата е пет години. Конститутивната седница на Комисијата ја свикува министерот за труд и социјална политика. Претседателот на Комисијата се избира од членовите на Комисијата со мандат од една година. Комисијата работи самостојно и одлуките ги донесува едногласно. Комисијата донесува деловник за работа. Комисијата за својата работа секои три месеца го известува, а секоја година поднесува извештај за својата работа до министерот за труд и социјална политика.

Член 97-6


Административно - техничките работи на Комисијата ги врши лице од Министерството за труд и социјална политика.

Член 97-в


Министерот за труд и социјална политика со акт ги утврдува висината и начинот на плаќање на надоместок на реалните трошоци направени во постапката за посвојување.

Член 18


Во членот 99 по ставот 2 се додава нов став 3, кој гласи: "Во случаите од ставот 2 на овој член потребно е да се прибават извадоци од законот што се однесува на посвојувањето на земјата на посвоителите и други информации и докази за да се обезбедат најмалку еднакви или подобри услови за животот и развојот на детето." Во ставот 3 кој станува став 4 зборот "одобрение" се заменува со зборот "согласност", a зборовите: "Министерството за труд и социјална политика" се заменуваат со зборот "Комисијата". По ставот 3 се додава нов став 5, кој гласи: "Согласноста од ставот 4 на овој член ќе се издаде само ако детето не може да биде посвоено на територијата на Република Македонија. "

Член 19


Членот 100 се заменува со три нови члена 100-а, 100-6 и 100-в, кои гласат:

"

Член 100-а


Посвоител може да биде лице кое е деловно способно, кое има лични својства за успешно вршење на родителските права и да не е постаро од 45 години. Посвоител може да биде лице нај малку 18 години постаро од посвоеникот. По исклучок од ставот 1 на овој член како посвоител може да се ј ави и лице кое е постаро од 45 години, но старосната граница меѓу посвоителот и посвоеникот не смее да биде поголема од 45 години. Брачни другари можат да се јават како посвоители ако еден од нив не ја надминува горната старосна граница.

Член 100-6


Кога детето го посвојува брачниот другар на родителот на детето, детето може да биде посвоено без разлика на старосните граници утврдени во членот 100-а на овој закон.

Член 100-в


По исклучок од членот 100-а ставови 1 и 4 на овој закон како посвоител може да се јави и лице или брачни другари кои ја надминуваат горната граница на старост, доколку се посвојува брат или сестра на детето кое е веќе посвоено."

Член 20


Во членот 102 став 1 точката а) се заменува со нова точка а), која гласи: "на кое му е одземено или ограничено родителското право , како и лице на кое му е изречена казна за сторено кривично дело со ефективна казна затвор во траење од над шест месеца", сврзникот "и" на крајот на точката в) се заменува со запирка, во точката г) зборот "психичкиот" се заменува со зборот "интелектуалниот", а точката на крајот од реченицата се заменува со буквата "и" и се додаваат нови точки "д", "ѓ" , "е" , "ж" и "з", кои гласат: "д) чија физичка попреченост е од таков степен што може оправдано да се сомнева во можноста да се грижи за детето; ѓ) ако е постаро од 45 години; е) зависник од дрога или други психотропни супстанции или алкохол; ж) кое има тешко хронично заболување или е болно од неизлечива заразна болест и з) ако мислењето на стручниот тим на центарот за социјална работа е негативно во однос на можноста тие лица да бидат родители. "

Член 21


Во членот 103 став 1 зборот "десет"се заменува со зборот "дванаесет". По ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи: "Доколку родителот е малолетен, покрај неговата согласност се зема и согласност на законскиот застапник. " Ставот 2 станува став 3. По ставот 2 се додава нов став 4, кој гласи: "Hе e потребна согласност ниту од родител на дете сместено во институција или во друго семејство кој не пројавил интерес за детето повеќе од шест месеца од рокот во кој бил должен да го земе детето. " Во ставот 3 зборот "десетгодишна" се заменува со зборот "дванаесетгодишна". Во ставот 4 зборот "родителот" се заменува со зборовите: "лицето кое мајката го посочила како родител". Ставовите 3 и 4 стануваат ставови 5 и 6.

Член 22


Во членот 104 став 1 по зборовите: "барање до" се додава зборот "Комисијата", а зборовите до крајот на реченицата се бришат. По ставот 2 се додава нов став 3, кој гласи: "Важноста на документите од ставот 2 на овој член е една година. " Ставовите 3 и 4 се бришат.

Член 23


По членот 104 се додаваат 12 нови члена 104-а, 104-6, 104-в, 104-г, 104- д, 104-ѓ, 104-е, 104-ж, 104-з, 104-ѕ, 104-и и 104-ј, кои гласат: "Член 104-а По приемот на барањето со документите, Комисијата врши проверка на документите и откако ќе констатира дека се исполнети условите од членот 104 став 2 на овој закон копија од барањето заедно со копија од целокупниот предмет, во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето ги доставува до центарот за социјална работа, надлежен според местото на живеење на подносителите на барањето. Комисијата ако од извршената процена на документите утврди дека не се исполнети условите од членот 102 на овој закон, ќе донесе решение со кое ќе го одбие барањето.

Член 104-6


Центарот за социјална работа до кого е препратено барањето врши процена за подобноста на посвоителите и за мотивите на посвојувањето, преку континуирано следење на потенцијалните посвоители, најмалку шест месеца, но не повеќе од една година и врз основа на наодот и мислењето на стручниот тим изготвува предлог за упис во регистарот на можни посвоители.

Член 104-в


Во рокот утврден во членот 104-6 на овој закон лицата кои сакаат да посвојат дете можат да бидат упатени да посетат соодветно советувалиште. Начинот на работа на советувалиштето од ставот 1 на овој член со акт ги утврдува министерот за труд и социјална политика.

Член 104-г


Центарот за социјална работа по извршувањето на работите од членот 104-6 на овој закон, сите списи заедно со наодот и мислењето на стручниот тим со предлог за упис во регистарот на можни посвоители ги доставува до Комисијата.

Член 104-д


Комисијата во рок од 30 дена, но не повеќе од 60 дена, од денот на приемот на работите од членот 104-г на овој закон, донесува одлука и врши упис во регистарот на можни посвоители доколку се исполнети условите утврдени со овој закон или ќе го врати предметот на доработка и ќе определи рок во кој надлежниот центар за социјална работа е должен да постапи и да ги отстрани недостатоците, ако таа тоа сама не го стори. Комисијата ќе донесе решение за бришење од регистарот на можни посвоители, по засновање на посвојување, ако настане некој од условите утврдени во членот 20 од овој закон и поради смрт на посвоителот.

Член 104-ѓ


Центарот за социјална работа ги следи малолетните лица без родители и родителска грижа и дава предлог за упис во регистарот на можни посвоеници, кој го доставува до Комисијата. Предлогот од ставот 1 на овој член, заедно со наодот и мислењето од стручниот тим и поединечните наоди и мислења на стручните работници, центарот за социјална работа ги доставува до Комисијата, која е должна во рок од 30 од денот на приемот на работите од ставот 1 на овој член да изврши упис во регистарот на можни посвоеници. Комисијата ќе донесе решение за бришење од регистарот на можни посвоеници, по засновање на посвојување, доколку родителот ја повлече согласноста од членот 107 на овој закон и поради смрт на посвоеникот.

Член 104-е


Министерот за труд и социјална политика со акт ја пропишува формата, содржината и начинот на водење на регистрите на можни посвоители и можни посвоеници.

Член 104-ж


Комисијата секогаш може да изврши проверка на основаноста на предлогот од членовите 104-г и 104-ѓ на овој закон на центарот за социјална работа.

Член 104-з


Комисијата примерок од одлуката и извадок од регистрите од членовите 104-г и 104-ѓ на овој закон заедно со копија од целокупната документација веднаш ги доставува до надлежниот центар за социјална работа, а подносителот на барањето го известува за извршениот упис.

Член 104-ѕ


Центарот за социјална работа по приемот на работите од членот 104-з на овој закон предлага најсоодветни посвоители и предметот со предлог за сместување на детето во семејството на можните посвоители го доставува до Комисијата. Комисијата може да изврши проверка на основаноста на предлогот од ставот 1 на овој член и врз основа на податоците кои ги има во регистарот на можни посвоители и документите, може да одлучи детето да го смести во друго семејство. Министерот за труд и социјална политика со акт ги пропишува поблиските услови и критериуми за избор на посвоители.

Член 104-и


Комисијата по извршените работи од членот 104-ѕ на овој закон донесува решение за сместување на детето во семејството на посвоителите и копии од списите на можните посвоители и посвоеникот, веднаш доставува до центарот за социјална работа, надлежен според местото на живеење на можните посвоители. Во решението од ставот 1 на овој член, при потполно посвојување, се внесуваат податоци за датумот и местото на раѓање на детето, од кои не може да се открие идентитетот на родителите на детето. Сместувањето на детето од ставот 1 на овој член не може да биде пократко од шест месеца, ни подолго од девет месеца. Центарот за социјална работа е должен континуирано да го следи сместувањето на детето и секои три месеца да доставува извештај до Комисијата. Комисијата може во рокот утврден во ставот 3 на овој член, секогаш кога ќе оцени за потребно да изврши проверка на семејството каде што е сместено детето.

Член 104-ј


Центарот за социјална работа по истекот на периодот на сместување, изготвува извештај за сместувањето и дава мислење детето да се посвои од конкретни посвоители и истиот го доставува до Комисијата заради засновање на посвојување. Комисијата доколку од увидот во списите оцени дека предлогот на центарот за социјална работа не е во интерес на детето, истиот може да го одбие или предметот да го врати за дополнување на постапката или да предложи други посвоители. Комисијата во рок од 30 дена од денот на приемот на работите од ставот 1 на овој член, донесува решение за засновање на посвојување. "

Член 24


Во членот 105 став 1 зборот "десет" се заменува со зборот "дванаесет", а бројот " 3" се заменува со бројот "5".

Член 25


Во членот 106 по ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи: "Ако детето нема живи родители, согласноста да биде посвоено ја даваат сродниците во права линија или старателот. " Ставовите 2, 3 и 4 стануваат 3, 4 и 5. По ставот 4 се додава нов став 6, кој гласи: "Пред родителот да ја даде согласноста од ставот 1 на овој член, центарот за социјална работа ќе го запознае со сите последици од давањето на изјавата. "

Член 26


Членот 108 се брише.

Член 27


Во членот 109 во првиот ред и во членот 112 став 1 зборовите: "центарот за социјална работа" се заменуваат со зборот "Комисијата".

Член 28


Во членот 110 став 2 во вториот ред по зборот "за" се додаваат зборовите: "видот на". Во ставот 3 по зборот "лице" се додаваат зборовите: "од центарот за социјална работа", запирката и зборовите: "односно старателот" се бришат, сврзникот "и" на крајот се заменува со запирка, a по зборот "посвоителите" се додаваат зборовите: "и претседателот на Комисијата".

Член 29


Во членот 111 зборовите: "центарот за социјална работа" се заменуваат со зборот "Комисијата".

Член 30


Во членот 117 став 2 зборовите: "корисно за" се заменуваат со зборовите: "во согласност со најдобриот интерес на".

Член 31


Во членовите 118 и 119 зборовите: "центарот за социјална работа" се заменуваат со зборот "Комисијата".

Член 32


По членот 123 се додава нов член 123-а, кој гласи: "Член 123-a Податоците за заснованите посвојувања се службена тајна. "

Член 33


Во членот 222 по зборовите: "спорови од овој закон" се додаваат зборовите: "како и за насилството во бракот и семејството ".

Член 34


Во членот 223 по зборовите: "родителско право" се додаваат зборовите: "и во случај на семејно насилство".

Член 35


По членот 279 се додаваат нова глава V-a "Постапка за изречување на привремена мерка за заштита од семејно насилство " и осум нови члена 279-а, 279-6, 279-в, 279-г, 279-д, 279-ѓ, 279-е и 279-ж и нова глава V-б "Казнени одредби" и нов член 279-3, кои гласат: "V-a Постапка за изречување на привремена мерка за заштита од семејно насилство

Член 279-а


Во постапките за изречување на привремена мерка за заштита од семејно насилство одлучува судија поединец. По приемот на барањето од членот 94-е на овој закон, судот закажува рочиште.

Член 279-6


Во постапката од членот 279-а на овој закон јавноста е исклучена.

Член 279-в


Судот по барањето на центарот за социјална работа за изречување на привремена мерка од членот 94-е на овој закон ќе постапи веднаш и во рок од седум дена од денот на приемот на барањето ќе донесе одлука. По исклучок од ставот 1 на овој член, судот ќе донесе одлука во рок од три дена од денот на приемот на барањето доколку постои основано сомнение дека постои сериозна опасност по животот и здравјето на член од семејството.

Член 279-г


На рочиштето се присутни извршителот и жртвата на семејното насилство и претставник од центарот за социјална работа. По оцена на судот, може да бидат повикани и други лица.

Член 279-д


Привремената мерка за заштита од семејно насилство може да трае најмногу една година. Судот може да побара известување од центарот за социјална работа за спроведување на изречената мерка.

Член 279-ѓ


Судот по предлог на центарот за социјална работа, може да ја продолжи, укине или измени одлуката.

Член 279-е


Примерок од одлуката судот доставува до странките и центарот за социјална работа, јавното обвинителство и органот за прогон.

Член 279-ж


Жалбата изјавена против одлуката на судот не го задржува нејзиното извршување.

V-6 Казнени одредби

Член 279-з


Cо парична казна од 5.000 до 10.000 денари ќе се казни за сторен прекршок тој што нема да постапи согласно со обврските од членот 94-г став 3 на овој закон. Cо парична казна од 100.000 до 200.000 денари ќе се казни за сторен прекршок и правното лице што нема да постапи согласно со обврските од членот 94-г став 3 на овој закон. Cо паричната казна од ставот 1 на овој член ќе се казни за прекршок и одговорното лице во правното лице од ставот 2 на овој член."

Член 36


Подзаконските прописи предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од три месеца од денот на влегување во сила на овој закон.

Член 37


Комисијата од членот 3 на овој закон се формира во рок од три месеца од денот на влегување во сила на овој закон. До формирање на Комисијата од ставот 1 на овој член, работите од посвојувањето кои се однесуваат на приемот на барањата и водење на постапката за посвојување ќе ги врши центарот за социјална работа.

Член 38


Постапките за посвојувањето започнати пред денот на влегување во сила на овој закон ќе продолжат според одредбите на овој закон.

Член 39


Центарот за социјална работа ќе изврши достава на предметите од членот 38 на овој закон до Комисијата заради упис во регистарот на можни посвоители и регистарот на можни посвоеници во рок од 30 дена од денот на формирањето на Комисијата.

Член 40


Се овластува Законодавно - правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за семејството.

Член 41


Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија".