Сл. весник / РМ / 2004 / 19 - Закон за јавните набавки

Од Wikisource
12.11.2007 #136 Закон за јавните набавки
30.03.2004 #19 Закон за јавните набавки
12.06.1998 #26 Закон за јавните набавки


I. Општи одредби

[уреди]

Цели и опфат на законот

[уреди]

Член 1


(1) Со овој закон се уредува начинот и постапката за вршење на јавни набавки кај:

  • органите на државната власт и органите на единиците на локалната самоуправа;
  • правните лица основани за специфична намена за задоволување на потребите од јавен интерес, што немаат стопански или профитен карактер, и кои, во најголем дел, се финансирани од страна на органите на државната власт и органите на единиците на локалната самоуправа или се подложни на контрола на работењето од страна на органите на државната власт и органите на единиците на локалната самоуправа или во кои повеќето од половината членови на управниот, надзорниот или друг орган се именувани од страна на органите на државната власт и органите на единиците на локалната самоуправа;
  • јавните претпријатија, акционерските друштва и друштва со ограничена одговорност во кои државата или единиците на локалната самоуправа имаат доминантно директно или индиректно влијание преку сопственост над нив, односно ако поседуваат поголем дел од капиталот на друштвото, имаат мнозинство на гласовите на акционерите и именуваат повеќе од половина од членовите од управниот или надзорниот одбор на претпријатието и друштвото;
  • здруженија на граѓани и фондации на кои со закон им се дадени јавни овластувања.

(2) Со овој закон се уредуваат и посебниот начин и постапки за вршење на јавни набавки кај правните лица кои вршат една или повеќе дејности, во областа на водоснабдувањето, енергетиката, транспортот, телекомуникациите, комуналните услуги или јавните претпријатија, врз основа на специјални или ексклузивни права доделени од надлежни органи на државната власт и органите на единиците на локалната самоуправа согласно со закон.

(3) Списоците на субјектите од став 1 и став 2 на овој член ги утврдува министерот за финансии. 1 “Службен весник на Република Македонија” бр. 19/2004 2

(4) Овој закон се однесува и на правните лица-инвеститори кои добиле директни или индиректни субвенции за извршување на набавки во врска со работи во износ поголем од 50% од вредноста на работите од субјектите од став 1 на овој член.

(5) Со овој закон се основа и се утврдуваат надлежностите на Бирото за јавни набавки (во натамошниот текст: Биро).

Дефиниции

[уреди]

Член 2


(1) Одделни поими употребени во овој закон го имаат следново значење:

1. Набавувач се субјектите наведени во член 1, ставови 1, 2 и 4 на овој закон;
2. Јавна набавка е збир на активности што ги извршува набавувачот, кои се во врска со стекнување на стоки, добивање на услуги, или извршување на работи;
3. Групна набавка е набавка која е од интерес за повеќе набавувачи;
4. Понудувач е домашно или странско правно или физичко лице-снабдувач или обезбедувач на стоки, услуги или работи, кое поднесува понуда;
5. Кандидат е лице кое е покането од набавувачот да поднесе понуда;
6. Стока се подвижни предмети од сите видови, вклучувајќи ги и полупроизводите, суровините и резервните делови, индустриските и други постројки, правата на интелектуална или индустриска сопственост (патенти, лиценци, пренос на технологија и софтверски програми);
7. Услуга е секоја друга активност која не е стока или работа, со која се обезбедуваат услови за вршење на функцијата или производството;
8. Опрема е средство за обезбедување на услови за извршување на функцијата и процесот на производството;
9. Работи се сите активности поврзани за градба на објекти согласно со законските прописи со кои се регулира градбата или активности кои, како целина, сами по себе се доволни да исполнат одредена економска или техничка функција;
10. Понуда е предлог од понудувачот изготвен за набавувачот според неговото дефинирано барање и е основа за склучување на договор за испорака на стоки, услуги или извршување на работи;
11. Техничка документација е елаборат со кој од техничка страна се разработува технолошко-производствената и експлоатационата концепција на стоките и услугите (објекти или инвестициона опрема и 3 уреди) и се даваат техничките решенија за изградбата, односно производството. Техничката документација содржи еден или повеќе проекти, технички опис на опремата, инвестицијата, уредите, претпресметка со опис на работите и условите;
12. Техничка спецификација е техничко барање содржано во тендерската документација со кое се дефинираат карактеристиките на одредени работи, материјали, стоки или услуги и кои би одговориле за намената за која ќе ги употреби набавувачот. Техничките спецификации опфаќаат квалитет, изведба, безбедност или димензии, како и барања применливи за материјалот, производот, услугата во поглед на обезбедувањето на квалитетот, терминологијата, симболите, тестирањето и методите на тестирањата, толкувањето, означувањето и етикетирањето. За набавка на работи тие вклучуваат и прописи за проектирање и градење, услови за тестирање, надзор и прифаќање на техники и методи за изградба и други технички услови кои набавувачот може да ги пропише во поглед на довршените работи и материјалите или деловите што се вклучени во нив;
13. Стандард е техничка спецификација одобрена од страна на надлежно тело за стандардизација за постојана и трајна примена;
14. Европски стандард е стандард одобрен од Европскиот комитет за стандардизација (ЦЕРН) или од Европскиот комитет за електро-техничка стандардизација (Ценелец) како европски стандард (ЕН) или документ за хармонизација (ХД) согласно со заедничките прописи на овие организации или од Европскиот институт за стандардизација во телекомуникацијата (ЕТСИ) според неговите сопствени прописи како Европски телекомуникациски стандард (ЕТС);
15. Македонскиот стандард е стандард кој е усвоен од орган надлежен за стандардизација и е достапен на јавноста;
16. Меѓународен стандард е стандард кој е усвоен од меѓународна организација за стандардизација и е достапен за јавноста;
17. Интерен стандард е стандард на трговски друштва или други правни лица, доколку такви стандарди не се опфатени со македонски или со меѓународни стандарди;
18. Европски технички атест е техничка оцена на соодветноста за употреба на даден производ за определена намена, заснована врз исполнувањето на суштинските барања за градежни работи, според суштинските карактеристики на производот и дефинираните услови за примена и употреба. Тие се издаваат од надлежен орган назначен за таа цел од државата;
19. Заедничка техничка спецификација, е техничка спецификација утврдена во согласност со постапките признаени од државите членки на ЕУ, со цел на единствена примена во сите држави членки и која е објавена во “Службениот весник на Европските заедници”;
20. Отворен повик е постапка во која сите заинтересирани субјекти можат да поднесат понуди по објавен повик;
21. Ограничен повик е постапка во која понуди можат да поднесат само оние кандидати кои се поканети од набавувачот;
22. Постапка со преговарање е постапка во која набавувачите ги консултираат кандидатите по свој избор и се преговара за условите за набавката со еден или повеќе од нив;
23. Тендерска документацијае документација што ја изготвува набавувачот со цел понудувачите да достават понуда;
24. Конукрс за изработка на проект е постапка која му овозможува на набавувачот да купи план, главно во областа на просторното планирање, урбанистичкото планирање, архитектурата и градежништво, или обработка на податоци, план или проект, избран од страна на жири комисија, врз основа на конкурс со или без доделување на награди;
25. Договор за јавна набавка е договор склучен по спроведена постапка уредена со овој закон во писмена форма, помеѓу набавувачот и понудувачот, за испорака на стоки, вршење на услуги или за извршување на работи;
26. Комисија за јавни набавки е тело на набавувачот кое ја спроведува постапката за јавната набавка;
27. Прифатлива понуда е понуда која е доставена во рокот утврден во огласот за јавна набавка и за која по отворањето на понудите, а врз основа на прегледот и оценката е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и тендерските спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите;
28. Рамковен договор е договор меѓу набавувачот и носителот на набавката, извршителот на работите или давателот на услугите (понудувач), со кој се утврдуваат условите за сукцесивно извршување на набавката во текот на определен период; и
29. Одговорно лице е функционер кој раководи со државен орган, градоначалник на единицата на локалната самоуправа, директор на правно лице и овластено лице на здруженија на граѓани или фондации на кои им е определено јавно овластување.

Исклучоци

[уреди]

Член 3


(1) Одредбите на овој закон не се применуваат на јавните набавки за делот кој има одбранбен и безбедносен карактер на земјата, се прогласени за државна тајна и се однесуваат за купување на оружје, воена опрема и специјална оперативна техника, согласно со закон.

(2) Со акт на Владата на Република Македонија (во натамошниот текст: Владата) се определуваат набавките од став 1 на овој член.

(3) За набавките од став 2 на овој член, набавувачите се должни најдоцна до крајот на јануари од тековната година, за своите годишни планови за набавка во тековната година да ја известат Владата.

Член 4


(1) Одредбите на овој закон не се однесуваат на јавните набавки за кои се обезбедени средства од меѓународни организации (донатори и заемодавачи), доколку за нив се пропишани посебни услови за набавка од страна на донаторите и заемодавачите.

Член 5


(1) Одредбите на овој закон не се однесуваат и за набавки за:

  • купување или изнајмување на земјиште, градежни објекти или друга недвижност или права кои произлегуваат од истите, освен ако за нивно купување или земање под наем е потребно обезбедување на финансиски средства (кредити или заеми);
  • финансиски услуги во врска со издавањето, продажбата, купувањето или преносот на хартија од вредност или други финансиски инструменти, брокерските услуги и услугите на Народната банка на Република Македонија;
  • купување, развој, продукција или копродукција на програмски материјали од страна на радио или телевизиски куќи и за термините на радио и телевизиското емитување на програма;
  • услуги за говорна телефонија, телекс, радиотелефонија, пејџерски и сателитски услуги;
  • услуги за посредување при вработување;
  • услуги за развој и истражување, освен кога истражувањето набавувачот го користи за комерцијални цели;
  • доделување на концесија.

Начело за обезбедување на еднаква положба на понудувачите

[уреди]

Член 6


(1) При јавните набавки се обезбедува фер конкуренција, еднаква и недискриминаторска положба на понудувачите, транспарентност и јавност.

(2) Набавувачот не смее да врши дискриминација во поглед на државјанството на понудувачот или земјата на потеклото на стоката. 6 Доверливост на податоците од понудите

Член 7


(1) Набавувачот е должен доверливо да ги чува сите податоци на понудувачите содржани во понудите, кои се означени како доверливи согласно со закон.

(2) Набавувачот ги чува во тајност имињата на понудувачите и поднесените понуди, седо утврдениот рок за отворање на понудите.

(3) При објавувањето и доставувањето на техничките спецификации до понудувачот, набавувачот може да побара од него заштита на доверливите информации кои произлегуваат од нив.

Забрана за преговори

[уреди]

Член 8


(1) Се забрануваат какви било преговори меѓу набавувачот и понудувачот, при отворениот и ограничениот повик во врска со цените и изменување на доставената понуда.

(2) Набавувачот може да бара од понудувачот да даде објаснување на понудата, без можност за нејзино менување.

(3) Понудувачот објаснувањето го дава пред комисијата и тоа се внесува во записникот.

Забрана за деливост на јавната набавка и намалување на проценетата вредност

[уреди]

Член 9


(1)Јавната набавка не смее да се дели на делови или да се врши намалување на нејзината проценета вредност, со цел да се избегне одредена постапка утврдена со овој закон.

(2)Деталните правила за проценетата вредност на набавката ги пропишува министерот за финансии.


Сл. весник / РМ / 2004 / 19 - ЗЈН / Јавна набавка Сл. весник / РМ / 2004 / 19 - ЗЈН / Биро за јавни набавки Сл. весник / РМ / 2004 / 19 - ЗЈН / Начин на спроведување Сл. весник / РМ / 2004 / 19 - ЗЈН / Набавки кај јавните претпријатија Сл. весник / РМ / 2004 / 19 - ЗЈН / Начин на доставување на понудите при набавка

VII. ГАРАНЦИЈА

[уреди]

{{cl|81 (1) За набавка со отворен и ограничен повик и со постапка за преговарање чија вредност изнесува над 150.000 евра во денарска противвредност, набавувачот задолжително треба да побара понудувачите да дадат гаранција за учество во вид на депонирани средства или банкарска гаранција. (2) Набавувачот го утврдува износот на гаранцијата, кој не смее да биде помал од 3% и поголем од 5% од вкупната вредност на набавката. (3) Документот со кој се докажува гаранцијата е дел од понудата.

{{cl|82 (1) Набавувачот е должен по склучувањето на договорот со најповолниот понудувач, на понудувачите кои учествувале во изборот на најповолен понудувач во рок од 7 дена да им го врати депонираниот износ од гаранцијата.

{{cl|83 (1) Гаранцијата од членот 81 на овој закон се наплатува во корист на набавувачот ако понудувачот е повикан да склучи договор по извршен избор на најповолен понудувач, а тој одбие да го стори тоа и доколку учесникот во постапката ја повлече понудата по отворањето.

VIII. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ

[уреди]

{{cl|84 (1) Во рок од 5 дена од денот на донесувањето на одлуката за избор на најповолен понудувач, а пред склучување на договорот, набавувачот корисник и единка корисник на средства од Буџетот на Република Македонија, е должен да поднесе писмено барање до Министерството за финансии за добивање на потврда за обезбедени финансиски средства и согласност за пристапување кон склучување на договор. (2) Министерството за финансии е должно во рок од 7 дена од денот на добивањето на барањето да постапи по истото и доколку планираните средства за конкретната набавка се обезбедени со Буџетот на Република Македонија за тековната година, да ја издаде потврдата и согласноста од став 1 на овој член, а ако средствата не се обезбедени писмено да го извести набавувачот корисник и единка корисник на средства од Буџетот на Република Македонија дека неможе да пристапи кон склучување на договорот. (3) Набавувачот корисник и единка корисник на средства од Буџетот на Република Македонија, е должен пред пристапување кон склучување на договорот, да го извести понудувачот за потребата од добивање на потврда и согласност од став 1 на овој член. (4) Понудувачот е должен пред склучување на договорот да побара примерок од потврдата и согласноста од став 1 на овој член. (5) Доколку се склучи договор спротивно на одредбите од ставовите 1, 2, 3 и 4 на овој член, договорот се смета за ништовен. (6) Набавувачот и понудувачот се должни да постапат согласно со ставовите 1, 3 и 4 на овој член и во случаите на склучување на анекс на главниот договор.

{{cl|85 (1) По донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда набавувачот е должен по писмен пат најдоцна во рок од 7 дена да го извести понудувачот дека е избран за носител на набавката. (2) За изборот на најповолна понуда, писмено се известуваат и сите други понудувачи учесници во постапката во рокот од ставот 1 на овој член, во кое се соопштува името на носителот на набавката, предметот на набавката и други податоци. (3) Во рок од 7 дена од денот на истекот на рокот за поднесување на жалба, односно од денот на конечноста на одлуката по жалбата, се потпишува договор. 40 (4) Од страна на набавувачот договорот го потпишува одговорното лице или лице овластено од него, а од страна на носителот на набавкатаовластен потписник. (5) Во рок од 30 дена по потишувањето на договорот од став 4 на овој член набавувачот изготвува известување за склучениот договор и го објавува на веб страницата за јавни набавки. (6) Известувањето од став 5 на овој член содржи податоци за: набавувачот, предметот на набавката, спроведената постапка, избраниот понудувач, и договорената цена.

{{cl|86 (1) Заради водење на единствена евиденција на јавните набавки во Бирото, субјектите од член 1 на овој закон се должни да достават примерок од склучениот договор за јавни набавки чија вредност изнесува над 3.000 евра во денарска противвредност, во рок од 15 дена од денот на склучувањето на договорот.

{{cl|87 (1) При набавките кај кои предметот на набавката се испорачува сукцесивно, а кога избраниот носител на набавката не го испорачува предметот на набавка согласно со договорот, или кога се откаже да го потпише договорот, набавувачот го раскинува договорот и може да склучи договор со второрангираниот понудувач или да спроведе нова постапка за набавка.

{{cl|88 (1) Во договорот се предвидува давање на банкарска гаранција како средство со кое набавувачот се обезбедува дека понудувачот навремено, квалитетно и според условите од договорот ќе ја изврши набавката. (2) Авансно плаќање се врши во услови кога на пазарот не може да се набават производи и услуги и кога со тоа се постигнува пониска продажна цена. (3) За субјектите од член 1 на овој закон авансот не може да биде поголем од 20% од вредноста на договорот. (4) Набавувачот пред исплатата на авансот од став 3 на овој член задолжително обезбедува банкарска гаранција од понудувачот во висина на договорениот аванс.

{{cl|89 (1) Договорите за набавка се сметаат за ништовни: 41 - ако се склучени без претходно спроведена постапка за јавна набавка; - ако набавувачот спровел постапка за набавка спротивно на условите кои се утврдени со овој закон или склучиле договор со понудувач кој не е избран за носител на набавката; - ако набавувачите вршат набавки или овластиле трето лице или лице кое не е набавувач согласно со овој закон, со цел да се избегне неговата примена; и - ако набавувачот склучи договор без претходно да обезбеди потврда за обезбедени финансиски средства и согласност за пристапување кон склучување на договор. (2) Договорите од став 1 на овој член за ништовни ги прогласува надлежниот суд. ИЏ. ПРАВНА ЗАШТИТА ВО ПОСТАПКИТЕ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

{{cl|90 (1) Правната заштита за повреди на законот во постапките за јавни набавки се обезбедува со надзор и контрола врз основа на начелата на законитост, итност, достапност, ефикасност и двостепеност. (2) Правната заштита се обезбедува во сите фази на постапката за јавни набавки, преку вложување на правен лек до Комисијата за жалби по јавни набавки на Владата на Република Македонија (во натамошниот текст: Комисија за жалби). (3) Правната заштита обезбедува недискриминација на лицата кои учествувале во постапката за јавна набавка и кои сметаат дека е сторена повреда на овој закон.

{{cl|91 (1) Незадоволните понудувачи во текот на целата постапка, како и лицата кои подигнале тендерска документација можат да поднесуваат приговори за начинот на работата и за начинот на разгледувањето и оценувањето на доставените понуди до Комисијата за јавни набавки. (2) Комисијата за јавни набавки доколку оцени дека поднесениот приговор е оправдан, може да го прифати и да го коригира своето работење. (3) Доколку Комисијата за јавни набавки не го прифати приговорот, истиот го доставува до Комисијата за жалби. (4) Приговори можат да се поднесат во рок од два дена од денот на дознавањето на повредата за која се приговара. 42 (5) Одговорот по поднесениот приговор се дава во рок од три дена од денот на неговото поднесување, односно доставување до Комисијата за жалби. (6) До одлучувањето по приговорот Комисијата за јавни набавки ја прекинува својата работа.

{{cl|92 (1) Незадоволниот учесник од изборот на најповолна понуда, за исклучување од првата фаза кај ограничениот повик, за исклучување на отворениот повик, како и лицата кои подигнале тендерска документација може да изјават жалба до Комисијата за жалби во рок од 7 дена од денот на приемот на известувањето. (2) Жалбата од ставот 1 на овој член се доставува преку комисијата што ја водела првостепената постапка во два примерока, од кои едниот примерок се доставува до Бирото. Жалбата се доставува по пат на препорачана пошта. (3) Комисијата што ја водела првостепената постапка, жалбата, со образложение по жалбените наводи и со копии од целокупната документација за водената постапка за јавните набавки, ја доставува до Комисијата за жалби. (4) Поднесувањето на жалба го задржува извршувањето на одлуката за избор на носител на набавката, до правосилноста на одлуката по жалбата. (5) Во вршењето на работите Комисијата за жалби е должна да ги заштити податоците поврзани со државната, воената и деловната тајна и да ги употребува документите во согласност со степенот на нивната доверливост.

{{cl|93 (1) Со цел да се заштитат интересите на понудувачите и да се обезбеди непристрасност во одлучувањето по жалбите, експерт ја проверува регуларноста на постапката за јавни набавки, за вредност повисока од 30.000 евра во денарска противвредност, кој го назначува Бирото од листата која се чува во Министерството за финансии. Барање за определување на експерт доставува понудувачот до Бирото. (2) Листата на експертите се изготвува од Министерството за финансии. (3) На експертот набавувачите му обезбедуваат пристап до целокупната документација, истиот ја разгледува и во рок од 8 дена од денот на поднесувањето на жалбата составува писмено мислење во врска со наводите од жалбата за прекршоците во текот на постапката за јавна набавка и го доставува до Комисијата за жалби. 43 (4) Доколку експертот оцени дека жалбата се однесува на правилната примена на овој закон, може на набавувачот и на жалителот, како странки, да им понуди да учествуваат во постапка на помирување. (5) Секоја странка треба писмено да се изјасни дали се согласува со постапката за помирување и помирител да биде експертот. (6) Доколку ја прифатат постапката на помирување странките пред помирителот ќе го изнесат своето видување во усна или писмена форма со цел да се постигне договор за помирување. (7) Доколку странките не постигнат договор за помирување, жалбата заедно со целата документација и мислењето на експертот се доставуваат до Комисијата за жалби. (8) Ако експертот од став 1 на овој член не изготви мислење, Комисијата за жалби по јавни набавки одлучува без таквото мислење. (9) Трошоците за извршената ревизија на експертот ги поднесува субјектот којшто побарал негово ангажирање, а за постапката за помирување трошоците ги сносат двете странки подеднакво. (10) Начинот, условите и постапката за избор на експертите од став 1 на овој член ги пропишува министерот за финансии.

{{cl|94 (1) Комисијата за жалби е должна во рок од 15 дена од денот на приемот на жалбата да се произнесе во рамките на жалбените наводи. (2) Комисијата од став 1 на овој член ќе ја отфрли жалбата ако жалбата е ненавремена, а доколку не ја отфрли, го зема предметот во решавање.

{{cl|95 (1) Комисијата за жалби ќе ја одбие жалбата како неоснована, кога: - ќе утврди дека постапката што му претходела на изборот на најповолна понуда е спроведена согласно со овој закон, или - ќе најде дека во првостепената постапка имало недостатоци, кои битно не можеле да влијаат врз одлучувањето за избор на најповолна понуда.

{{cl|96 (1) Комисијата за жалби ќе го поништи решението за избор на најповолна понуда ако утврди дека: - првостепениот орган погрешно ги оценил понудите и придружната документација, или - првостепениот орган извршил избор на најповолна понуда со погрешна примена на критериумите за избор на најповолна понуда. 44 (2) Во случај на поништување на решението за избор на најповолна понуда, Комисијата за жалби е должна да му укаже на првостепениот орган кои околности треба да ги има предвид во натамошното постапување. Првостепениот орган е должен да постапи по укажувањата и најдоцна во рок од 15 дена да изврши избор на најповолна понуда, за што веднаш ја известува Комисијата за жалби.

{{cl|97 (1) Комисијата за жалби ќе ја поништи спроведената постапка ако утврди дека првостепената комисија погрешно ги применила одредбите од овој закон при спроведувањето на постапката. (2) Во случај на поништување на спроведената постапка, Комисијата за жалби е должна веднаш да го извести првостепениот орган и да му укаже кои околности треба да ги има предвид во натамошното постапување.

{{cl|98 (1) Комисијата за жалби за својата одлука ги известува подносителот на жалбата и комисијата што ја водела првостепената постапка. (2) Одлуката на Комисијата за жалби е конечна. (3) По конечноста на одлуката на Комисијата за жалби подносителот на жалбата има право да бара заштита пред надлежниот основен суд.

{{cl|99 (1) Комисијата за жалби е самостојна во својата работа. (2) Комисијата за жалби е составена од претседател и 4 членови и нивни заменици од редот на афирмирани и познати стручни лица (адвокати, нотари, комерцијални ревизори, инженери и сл.), кои ги именува и разрешува Владата на Република Македонија за период од две години, со право на повторен избор за уште две години. (3) Членот на Комисијата од ставот 2 на овој член не може да биде лице именувано од Собранието на Република Македонија и од Владата на Република Македонија. (4) За претседател на Комисијата за жалби се избира лице со исти квалификации како и за избор на судија, на основен суд. (5) Претседателот и членот на Комисијата од ставот 2 на овој член може да бидат разрешени пред истекот на мандатот за кој се избрани по иста постапка како и за нивниот избор, само доколку им е изречена казна за кривично дело против имотот; ако издадат деловна тајна со која се 45 стекнале во текот на работењето во Комисијата за жалби и ако поднесат доброволна писмена оставка. (6) Претседателот и членовите на Комисијата за жалби, како и нивните заменици, за својата работа во Комисијата имаат право на надоместок кој го утврдува Владата.

{{cl|100 (1) Комисијата за жалби донесува деловник за својата работа.

{{cl|101 (1) Комисијата за жалби е самостојна во својата работа и најмалку два пати во текот на годината ја информира Владата за својата работа преку подготвени извештаи, кои се објавуваат на веб- страницата за јавни набавки.

X. НАДЗОР

[уреди]

{{cl|102 (1) Владата, врз основа на извештаите од Бирото, еднаш годишно го информира Собранието на Република Македонија за бројот и за видот на спроведените постапки за јавни набавки, висината на средствата за јавните набавки, како и за евентуалните проблеми во спроведувањето на набавките.

{{cl|103 (1) Надзор на спроведување на одредбите на овој закон врши Министерството за финансии и Бирото. (2) Инспекцискиот надзор се врши преку централната внатрешна ревизија. (3) Надзорот од ставовите 1 и 2 на овој член се врши во поглед на: - обезбедувањето на средства за набавка; - спроведувањето на постапките на набавките; - организирањето на органите за спроведување на набавките; - виденцијата на набавките; - оформувањето на документацијата за набавките и - реализацијата на договорите. 46

{{cl|104 (1) Доколку во вршењето на надзорот се утврдат неправилности и недостатоци во спроведувањето на постапката за набавка која е во тек, централниот внатрешен ревизор ќе донесе решение со кое ќе се одредат мерки и рокови за нивно отстранување. (2) Доколку во определениот рок не се отстранат неправилностите и недостатоците утврдени од централниот внатрешен ревизор се наредува запирање на започнатата постапка за набавка. (3) Против решението од ставот 1 на овој член, може да се изјави жалба до Комисијата за жалби.

Член 105


(1) Ако во вршењето на надзорот се утврди дека со повредата на постапката за набавки е сторен прекршок или кривично дело, без одлагање се поднесува барање за поведување на прекршочна, односно кривична постапка.

XI. КОНТРОЛА НА КОРИСТЕЊЕТО НА СРЕДСТВАТА

[уреди]

Член 106


(1) Контролата на користењето на средствата за набавки на набавувачите од членот 1 на овој закон се врши согласно со Законот за Државната ревизија.

(2) За наодите од надзорот од член 103 на овој закон се известува Бирото.

XII. КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ

[уреди]

Член 107


(1) Со парична казна од 150.000 до 300.000 денари ќе се казни за прекршок правното лице набавувач, освен државните органи и органите на единиците на локалната самоуправа ако: - донесе одлука (решение) за јавна набавка спротивно на одредбите на член 3 (член 3 став 1 и став 2); - не обезбеди фер конкуренција меѓу понудувачите и еднаква положба на понудувачите во постапката на набавките (член 6); - доверливо не ги чуваат податоците на понудувачите (член 7); - ги открие пред трети лица техничките спецификации и информации во врска со цената и други пазарни информации (член 8); - изврши делење или намалување на јавна набавка (член 9); 47 - не донесе план за јавни набавки и не ја утврди динамиката за реализација и не го достави во утврдениот рок до Бирото (член 10 и член 11); - не донесе одлука (решение) за јавна набавка (член 12); - не води евиденција (регистар) на набавките (член 17); - не формира орган за спроведување на постапка за набавка (член 20 став 1); - ако набавувачот дозволи во улога на учесник во постапката за јавна набавка да се јави лице спротивно на член 21 од овој закон (член 22); - ако набавувачот не го исклучи понудувачот и не ја отфрли понудата во случаите од член 22 (член 22); - не го објави повикот за набавка (член 30); и - ако примерок од договорот не биде доставен во Бирото за јавни набавки во утврдениот рок (член 86).

Член 108


(1) Со парична казна од 25.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршок одговорното лице во правното лице ако: - врши преговори со понудувачот, открива пред трети лица технички спецификации, информации во врска со цената и други пазарни информации (член 8); - дозволи во постапката за јавна набавка да учествуваат членови на Комисијата, одговорни и раководни лица кај набавувачот и членови на нивното потесно семејство (член 21); - не ја одбие понудата, доколку понудувачот на вработен кај набавувачот дал или ветил подарок во каква било форма или каква било услуга (член 22); - ако огласот за отворениот повик не биде подготвен согласно со член 36; - ако во огласот по отворениот повик и во тендерската документација ги специфицира техничките карактеристики на предметот на набавката на точно одредена марка, модел или тип, потекло на производство и сл. (член 36 став 4); - ако рокот за прием на понудите по отворен повик се утврди спротивно на член 58; - изборот на најповолен понудувач го изврши без да ја провери економската и финансиската состојба, како и техничката способеност на понудувачот за извршување на предметот на понудата (член 40 и член 41); - ако од постапката за набавка не го исклучи понудувачот (член 48 и член 62 став 3); - не постапува според условите објавени во отворениот повик и не ги запазува критериумите за избор на најповолен понудувач (член 50 и член 65); 48 - изврши набавка преку ограничен повик без да ја спроведе постапката по фази (член 60); - не ги извести сите кандидати што доставиле еконосмкофинансиска и техничка документација за избраните најспособни кандидати за втората фаза (член 62 став 8), и - ја реализира постапката со преговарање спротивно на одредбите на член 66 и член 67.

Член 109


(1) Со парична казна од 25.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршоците од член 108 на овој закон и службеното лице, како и претседателот и членовите на комисиите и нивните заменици, доколку не ја почитуваат постапката и роковите утврдени со овој закон.

Член 110


(1) Постапката за прекршоците од овој закон не може да се поведе ниту да се води ако поминат три години од денот на сторувањето на прекршокот.

(2) Застарувањето се прекинува со секое процесно дејствие што се презема заради гонење на сторителот на прекршокот.

(3) По секој прекин застарувањето започнува повторно да тече.

(4) Застарувањето на прекршочното гонење настанува во секој случај по изминувањето на пет години од денот на сторувањето на прекршокот.

Сл. весник / РМ / 2004 / 19 - ЗЈН / Преодни и завршни одредби