Сл. весник / РМ / 2004 / 19 - ЗЈН / Општи одредби

Од Wikisource

I. Општи одредби

[уреди]

Цели и опфат на законот

[уреди]

Член 1


(1) Со овој закон се уредува начинот и постапката за вршење на јавни набавки кај:

  • органите на државната власт и органите на единиците на локалната самоуправа;
  • правните лица основани за специфична намена за задоволување на потребите од јавен интерес, што немаат стопански или профитен карактер, и кои, во најголем дел, се финансирани од страна на органите на државната власт и органите на единиците на локалната самоуправа или се подложни на контрола на работењето од страна на органите на државната власт и органите на единиците на локалната самоуправа или во кои повеќето од половината членови на управниот, надзорниот или друг орган се именувани од страна на органите на државната власт и органите на единиците на локалната самоуправа;
  • јавните претпријатија, акционерските друштва и друштва со ограничена одговорност во кои државата или единиците на локалната самоуправа имаат доминантно директно или индиректно влијание преку сопственост над нив, односно ако поседуваат поголем дел од капиталот на друштвото, имаат мнозинство на гласовите на акционерите и именуваат повеќе од половина од членовите од управниот или надзорниот одбор на претпријатието и друштвото;
  • здруженија на граѓани и фондации на кои со закон им се дадени јавни овластувања.

(2) Со овој закон се уредуваат и посебниот начин и постапки за вршење на јавни набавки кај правните лица кои вршат една или повеќе дејности, во областа на водоснабдувањето, енергетиката, транспортот, телекомуникациите, комуналните услуги или јавните претпријатија, врз основа на специјални или ексклузивни права доделени од надлежни органи на државната власт и органите на единиците на локалната самоуправа согласно со закон.

(3) Списоците на субјектите од став 1 и став 2 на овој член ги утврдува министерот за финансии. 1 “Службен весник на Република Македонија” бр. 19/2004 2

(4) Овој закон се однесува и на правните лица-инвеститори кои добиле директни или индиректни субвенции за извршување на набавки во врска со работи во износ поголем од 50% од вредноста на работите од субјектите од став 1 на овој член.

(5) Со овој закон се основа и се утврдуваат надлежностите на Бирото за јавни набавки (во натамошниот текст: Биро).

Дефиниции

[уреди]

Член 2


(1) Одделни поими употребени во овој закон го имаат следново значење:

1. Набавувач се субјектите наведени во член 1, ставови 1, 2 и 4 на овој закон;
2. Јавна набавка е збир на активности што ги извршува набавувачот, кои се во врска со стекнување на стоки, добивање на услуги, или извршување на работи;
3. Групна набавка е набавка која е од интерес за повеќе набавувачи;
4. Понудувач е домашно или странско правно или физичко лице-снабдувач или обезбедувач на стоки, услуги или работи, кое поднесува понуда;
5. Кандидат е лице кое е покането од набавувачот да поднесе понуда;
6. Стока се подвижни предмети од сите видови, вклучувајќи ги и полупроизводите, суровините и резервните делови, индустриските и други постројки, правата на интелектуална или индустриска сопственост (патенти, лиценци, пренос на технологија и софтверски програми);
7. Услуга е секоја друга активност која не е стока или работа, со која се обезбедуваат услови за вршење на функцијата или производството;
8. Опрема е средство за обезбедување на услови за извршување на функцијата и процесот на производството;
9. Работи се сите активности поврзани за градба на објекти согласно со законските прописи со кои се регулира градбата или активности кои, како целина, сами по себе се доволни да исполнат одредена економска или техничка функција;
10. Понуда е предлог од понудувачот изготвен за набавувачот според неговото дефинирано барање и е основа за склучување на договор за испорака на стоки, услуги или извршување на работи;
11. Техничка документација е елаборат со кој од техничка страна се разработува технолошко-производствената и експлоатационата концепција на стоките и услугите (објекти или инвестициона опрема и 3 уреди) и се даваат техничките решенија за изградбата, односно производството. Техничката документација содржи еден или повеќе проекти, технички опис на опремата, инвестицијата, уредите, претпресметка со опис на работите и условите;
12. Техничка спецификација е техничко барање содржано во тендерската документација со кое се дефинираат карактеристиките на одредени работи, материјали, стоки или услуги и кои би одговориле за намената за која ќе ги употреби набавувачот. Техничките спецификации опфаќаат квалитет, изведба, безбедност или димензии, како и барања применливи за материјалот, производот, услугата во поглед на обезбедувањето на квалитетот, терминологијата, симболите, тестирањето и методите на тестирањата, толкувањето, означувањето и етикетирањето. За набавка на работи тие вклучуваат и прописи за проектирање и градење, услови за тестирање, надзор и прифаќање на техники и методи за изградба и други технички услови кои набавувачот може да ги пропише во поглед на довршените работи и материјалите или деловите што се вклучени во нив;
13. Стандард е техничка спецификација одобрена од страна на надлежно тело за стандардизација за постојана и трајна примена;
14. Европски стандард е стандард одобрен од Европскиот комитет за стандардизација (ЦЕРН) или од Европскиот комитет за електро-техничка стандардизација (Ценелец) како европски стандард (ЕН) или документ за хармонизација (ХД) согласно со заедничките прописи на овие организации или од Европскиот институт за стандардизација во телекомуникацијата (ЕТСИ) според неговите сопствени прописи како Европски телекомуникациски стандард (ЕТС);
15. Македонскиот стандард е стандард кој е усвоен од орган надлежен за стандардизација и е достапен на јавноста;
16. Меѓународен стандард е стандард кој е усвоен од меѓународна организација за стандардизација и е достапен за јавноста;
17. Интерен стандард е стандард на трговски друштва или други правни лица, доколку такви стандарди не се опфатени со македонски или со меѓународни стандарди;
18. Европски технички атест е техничка оцена на соодветноста за употреба на даден производ за определена намена, заснована врз исполнувањето на суштинските барања за градежни работи, според суштинските карактеристики на производот и дефинираните услови за примена и употреба. Тие се издаваат од надлежен орган назначен за таа цел од државата;
19. Заедничка техничка спецификација, е техничка спецификација утврдена во согласност со постапките признаени од државите членки на ЕУ, со цел на единствена примена во сите држави членки и која е објавена во “Службениот весник на Европските заедници”;
20. Отворен повик е постапка во која сите заинтересирани субјекти можат да поднесат понуди по објавен повик;
21. Ограничен повик е постапка во која понуди можат да поднесат само оние кандидати кои се поканети од набавувачот;
22. Постапка со преговарање е постапка во која набавувачите ги консултираат кандидатите по свој избор и се преговара за условите за набавката со еден или повеќе од нив;
23. Тендерска документацијае документација што ја изготвува набавувачот со цел понудувачите да достават понуда;
24. Конукрс за изработка на проект е постапка која му овозможува на набавувачот да купи план, главно во областа на просторното планирање, урбанистичкото планирање, архитектурата и градежништво, или обработка на податоци, план или проект, избран од страна на жири комисија, врз основа на конкурс со или без доделување на награди;
25. Договор за јавна набавка е договор склучен по спроведена постапка уредена со овој закон во писмена форма, помеѓу набавувачот и понудувачот, за испорака на стоки, вршење на услуги или за извршување на работи;
26. Комисија за јавни набавки е тело на набавувачот кое ја спроведува постапката за јавната набавка;
27. Прифатлива понуда е понуда која е доставена во рокот утврден во огласот за јавна набавка и за која по отворањето на понудите, а врз основа на прегледот и оценката е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и тендерските спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите;
28. Рамковен договор е договор меѓу набавувачот и носителот на набавката, извршителот на работите или давателот на услугите (понудувач), со кој се утврдуваат условите за сукцесивно извршување на набавката во текот на определен период; и
29. Одговорно лице е функционер кој раководи со државен орган, градоначалник на единицата на локалната самоуправа, директор на правно лице и овластено лице на здруженија на граѓани или фондации на кои им е определено јавно овластување.

Исклучоци

[уреди]

Член 3


(1) Одредбите на овој закон не се применуваат на јавните набавки за делот кој има одбранбен и безбедносен карактер на земјата, се прогласени за државна тајна и се однесуваат за купување на оружје, воена опрема и специјална оперативна техника, согласно со закон.

(2) Со акт на Владата на Република Македонија (во натамошниот текст: Владата) се определуваат набавките од став 1 на овој член.

(3) За набавките од став 2 на овој член, набавувачите се должни најдоцна до крајот на јануари од тековната година, за своите годишни планови за набавка во тековната година да ја известат Владата.

Член 4


(1) Одредбите на овој закон не се однесуваат на јавните набавки за кои се обезбедени средства од меѓународни организации (донатори и заемодавачи), доколку за нив се пропишани посебни услови за набавка од страна на донаторите и заемодавачите.

Член 5


(1) Одредбите на овој закон не се однесуваат и за набавки за:

  • купување или изнајмување на земјиште, градежни објекти или друга недвижност или права кои произлегуваат од истите, освен ако за нивно купување или земање под наем е потребно обезбедување на финансиски средства (кредити или заеми);
  • финансиски услуги во врска со издавањето, продажбата, купувањето или преносот на хартија од вредност или други финансиски инструменти, брокерските услуги и услугите на Народната банка на Република Македонија;
  • купување, развој, продукција или копродукција на програмски материјали од страна на радио или телевизиски куќи и за термините на радио и телевизиското емитување на програма;
  • услуги за говорна телефонија, телекс, радиотелефонија, пејџерски и сателитски услуги;
  • услуги за посредување при вработување;
  • услуги за развој и истражување, освен кога истражувањето набавувачот го користи за комерцијални цели;
  • доделување на концесија.

Начело за обезбедување на еднаква положба на понудувачите

[уреди]

Член 6


(1) При јавните набавки се обезбедува фер конкуренција, еднаква и недискриминаторска положба на понудувачите, транспарентност и јавност.

(2) Набавувачот не смее да врши дискриминација во поглед на државјанството на понудувачот или земјата на потеклото на стоката. 6 Доверливост на податоците од понудите

Член 7


(1) Набавувачот е должен доверливо да ги чува сите податоци на понудувачите содржани во понудите, кои се означени како доверливи согласно со закон.

(2) Набавувачот ги чува во тајност имињата на понудувачите и поднесените понуди, седо утврдениот рок за отворање на понудите.

(3) При објавувањето и доставувањето на техничките спецификации до понудувачот, набавувачот може да побара од него заштита на доверливите информации кои произлегуваат од нив.

Забрана за преговори

[уреди]

Член 8


(1) Се забрануваат какви било преговори меѓу набавувачот и понудувачот, при отворениот и ограничениот повик во врска со цените и изменување на доставената понуда.

(2) Набавувачот може да бара од понудувачот да даде објаснување на понудата, без можност за нејзино менување.

(3) Понудувачот објаснувањето го дава пред комисијата и тоа се внесува во записникот.

Забрана за деливост на јавната набавка и намалување на проценетата вредност

[уреди]

Член 9


(1)Јавната набавка не смее да се дели на делови или да се врши намалување на нејзината проценета вредност, со цел да се избегне одредена постапка утврдена со овој закон.

(2)Деталните правила за проценетата вредност на набавката ги пропишува министерот за финансии.