Слушајте сички христиани, мужи и жени, зашто кога умират
человеци тогива има голем страх. Зашто идат при тие што умират
страшнии дјаволи, тражат грехови. Ако некој умре неисповедан и
непокајан, тошко и тој час ним горкиј, зашто умират неготови. Ох
тешко и горко на тие человеци зашто не се очистиле от грех. Тогива
нихни души врзани и нема при них ангел хранител и тие души не
може да ги земе ангел.
О, окајани тие человеци! Горе и тешко на тие человеци што
умират неисповедани и непокајани. Ним страх на умирање зашто не
се покајале и не се очистиле от грех. Тие человеци сами ходат при
дјавола и си дават свои души у руки негови. И тие человеци немат
спасение, зашто не зеле рајски кључови. Това е кључ - кои се
исповедани, - тој имат. А кои не се исповедани, ох тешко и горко! Тие
сами си утепуат свои души. За них жали свјатаја Троица и ангели и
сите свјатии жаљат, зашто тие человеци остават свои дружина
ангели и се чинат другари со темни и страшни дјаволи.
Ох, тие человеци сами себе се душмани и утепуват свои души
у вечна мука и у огин што никако не угаснуе. И црви ќе да ги јадат и
гризат. Ох тешка мука от тие црви! Зашто тие никој пат не умират.
Така тие человеци ќе да се у љутаго мучитеља дјавола.
Што е това љутиј мучитељ? Това е - кои не се покајат, мужи и
жени, тие тамо ќе да се заедно сос дјаволи и огин ќе да ги силно гори
и пали и мучи луто и страшно. А дјаволи ќе да ги биат и мучат љути
и тешки муки.
Така казуе Христос: грешните ќе да се у руки оружија. Што е
това оружие? Това е оружие: на грешните ќе да (има) власт дјавол
да ги бие и да ги мучи секи пат непрестанно. И никој пат не ќе да ги
ни помилуе ни пожали. Слушајте да знаете како бидуе пoкајание и
како можат человеци да се куртулисат от руки дјаволски.
Имало у Цариград еден постник, свјатиј Василиа Новиј. Тој учил
една жена на свјатое покајание, имја еј Теодора. Таја жена чисто се
исповедала и чисто се покајала и многу години постила и плакала за
греховите. И така со чисто покајание се преставила.*
[А имало тамо другиј постник, свјатиј Григориа. Тој често ходил
и се поучавал от свјатаго Василиа. Тој Григориа разбрал за
блаженнаја Теодора, како се преставила, и фанал да мисли за неја,
и сакал да знае дека се находи нејната душа: дали зела некоја
милост от Бога, дали отишла у рај божиј. И това како мислеше
Григориа, често се молише на свјатаго Василиа да му каже заради
неја. Веруваше без шубе зашто не е скришно на угодника божија
свјатаго Василиа заради нојната душа.
И така често му се молил на свјатаго Василиа, и он не хтел да
го оскорби и да го разсрди духовнаго своего сина и се помолил Богу
да му јави заради Теодора, да ја види, и да му се открие. И една
ношт, како лежал на постељата си, и му открил Бог, и ја видел дека
била блаженнаја Теодора у рај, и у дворови прекрасни што биле
уготовани от Бога на свјатаго Василиа. И сос молитва свјатаго
Василиа, што беше му чинила измет, и беше си отишла у тија
прекраснии сараи.
И како ја виде Григориа, и се зарадува, и фана да ја пита како
на јаве сос неја. И запраша ја: „Како си се разделила от снага, и како
си прешла невоља смертна, и како си поминала баждарници
дјаволскии?
А она фанала да му казуе: „Чедо Григорие, заради страшните
работи си ме прашал, што е страшно да го споменуем и да го казуем.
Гледах лица што никој пат не бех видела и слушах зборови што никак
не бех чула. И како да ти кажам, тежко и љуто, што се не надејах,
това ме срете: онија страшнии дјаволи заради моите грехови. Ама
заради молитвата, и со помошт свјатаго Василиа, сè ми легко биде.
Како да ти искажам, о чедо, таја болест и љутост што бива на
снагата на тие што умират? Како кога некој гол падне у голем огн, та
гори, и стопуе се, и се чини пепел, така е болест смертнаја и горкиј
час што разделуе човека и иктисуа. На истина, љута е смерт на тија
кои се, како мене, грешнии. Зашто и ја бех работила на грехове.
И не знам кога дојдох веќе на умирање, и дојде сахат да се
раздвојим от снага: видох многу дјаволи страшни и црни како арапи,
- дојдоха около мене, и нихните лица беха црни како саѓи, очите
нихни како жар и нихното гледање толку љуто како сама вечна мука.
И фанаха да чинат калабал'к и шамата. Еднии рикаха како ѕверове
и добици, а другии како пси лаеха, другии виеха како волци, а еднии
како свини цвичеха. Сите гледаха на мене и 'ржеха, и потрчаха на
мене страшно, и чкртаха сос зуби на мене, и сакаха да ме глтнат
бирден. И готвеха книги, како да речеш некој судија чекаха да дојде,
и тефтери отвориха, у них беше сичкиите мои зли грехови.
Тогај моја сирота душа се учини у голем страх и беда, за хер не
ми стигаше таја горчива смертна болест, ами и от тија страшнии
дјаволи и грозно нихно гледање и љутост, како друга смерт пољута.
И отвраќах си очите тамо и овамо, да не гледам тија страшни лица
ни да чујам нихни страшниј глас, и не можех да се скријам от них
зашто беха многу безброј, и немаше никој да ми помогне от таја
беда, и бех до крај.
И тогај видох два светоносни ангели божии. При мене дојдохаа
како некои хубави момчиња. Нихна хубавина не може да се искаже,
лицата нихни беха пресветли, со очите ме гледаха мило, на главите
нихни косата им беше бела како снег, како златна светеше, рубите
нихни беха како това што светнуе на небо кога има дожд. Беха
крстосани при сисите сос појаси златни.
Тија како дојдоха, и бирден застанаха от десна страна и нешто
си тихо говореха. И јазе како видох, и се зарадовах, и весело гледах
на них. А тие црните дјаволи, како видеха, и се уплашиха от них,
побегнаха. И рече еден светоносниј ангел сос љутиња: „О
бесрамнии, прекљатии и темнии и гаразливии на род христианскиј
душмани! Зашто вие доходите понапред на тие што умират и чините
шамата и калабал'к? Ами многу да не се радуете: тува немате дел у
таја душа.“]
Това рече ангел на дјаволите. А тие тогива отвориха книги дано
најдат некој грех. И гледаха у книгите и немаше ништо написанно,
зашто бех се покајала чисто от сите грехови. А дјаволите клеветеха
и чекаха смерт.
И дојде многу страшна смерт. И рикаше страшно како арслан, а
беше како человек, ама салт кости сухи составлени. И носеше многу
турлии халати, да ме сече, да ме мучи и да ме раздроби моја снага.
Имаше мечови и стрели, копие, брадви, секири, српови, ражни, пили,
тесли, оскорди и другии халати што никој не знае на овој век. Тие
чудни и дивни халати ги виде моја смиренна душа, фана да се тресе,
да се плаши от страх. И се учиних како умрена. И толку ми беше мука
како у огин да горам жива.
И рекоха свјатии ангелии на смерт: „Отверзи а оваја душа от
состави снажни скоро и тихо, да не а мучиш, зашто се (покајала)“. И
дојде при мене смерт и фана да ми сече главата, ногите, руките.
После со други халати сите жили ги раздели. И немах ни руки, ни
ноги, и сета снага ми се учини мертва и не можех веќе хич. Пак зеде
мала тесла и ми отсече главата. Пак направи еден шербет и ме со
сила напои, ми го тури во уста. Нема ништо погорко на овој век колку
беше горчив тој шербет.
И не можеше да трпи моја душа толку горчила. И ја изтргнаха
тие светоноснии ангели у свои руки. Тогива аз погледах на моја снага
- лежеше мертва како кога некој соблече свои дрехи кога се гнасни.
Така ја гледах на моја снага. И ми се видеше многу гнасна. И ме
держеха свјатии ангели у свои руки, а тие страшнии дјаволи ни
обиколиха около нас и викаха: „Многу грехови има оваја душа!“
И тогива познаха свјатии ангели моја чиста вера, зашто от вера
бидуе человеку спасение. А кој нема вера, тие человеци немат
спасение. И показаха мое чисто покајание и што бех ходила у
свјатија церков со страх божиј и што бех плакала за мој грех и што
бех сиромаси пригледала. Сè што бех добро учинила ми се видеше
како да сум денеска да е сторенно.
А дјаволите видеха тие мои добрини, фанаха да 'ржат на мене
како пси страшно и сакаха да ме грабнат и жива да ме глтнат.
И у тој час се јави тамо мој духовник свјатиј Василиа, што беше
ме учил свјатое покајание. И рече на свјатии ангели. „Господие мои,
многу сум молил Христа сина Божија за оваја душа и тој ми а мене
даровал и простил.“ Това рече свјатиј Василиа и извади еден мех
црвен. Мене ми се учини това да е злато. А това не било злато, ами
било молитви свјатаго Василиа моего путевожда и учитеља и
наставника на пути водјаштаго в жизни вечнија. И тој мех го даде на
свјатии ангели и им рече: „Ќога ќе да идете горе на високо, ќе да
поминете многу страшнии ѓумруци дјаволски. Тие секого, и мужи и
жени, многу страшно тражат и испитуват. А вие да ја откупите оваја
душа со овој мој мех. Тој полн ест со мој пот и труд и пост и со мои
молитви.“
И ме посипа со едни благии миризми божии. И се исполних
благоуханија духовнаго и се учиних многу светла. И познах зашто ми
дарова Бог на моја душа небеснии божии дарованија и светлости
рајски за моја вера и чистое покајание.
А тие вселукавии дјаволи видеха тие божии дарови на мене -
останаха како без ум и не можеха ништо да чинат и заплакаха и
отидоха.
Пак рече свјатиј Василиа на ангелите: „Господие мои, кога ќе да
ја преведете оваја душа от тие страшнии ѓумруци дјаволски, да ја
поставите у мој дом, што сам си уготовал сос мој труд и молитви.“
Това рече свјатиј Василиа и отиде. А мене подеха ме свјатии
ангели на високо на горе на каде слнце. И тамо ни сретоха
воздушнии дуси и горкии страшнии дјаволи - првиј ѓумрук. И ни
сретоха и ни запреха тамо како некои љутии зверови и рикаха на
мене како арслани. Фанаха да тражат первиј грех, кои человеци
збориле, или мужи или жени, срамнии и грешнии зборови. Ох тешко
и горко тамо на тие человеци кои пеат песни срамни и блудни! Тие
человеци си дават свои души и дар и курбан на дјавола. И бега от
них ангел хранител, а при них седи дјавол. Кога пеат песни грешнии,
тогава има у нихни души дух дјаволскиј и тие человеци пиат чаша
дјаволска и ги пише дјавол да се негови. Сос тие песни служат и
работат Антихристу. Тие христиани, мужи или жени, што пеат и
играт, тие носат на них образ и лице дјаволско. Кои человеци пеат и
играт, тие се записуват да се синови дјаволски. И кога играт, тогива
седи при них дјавол и многу се радуе зашто си чинат нихни души
невести дјаволскии.
И голема радост на дјавола кога христиани пиат вино и пеат и
играт. И кога пеат блудни песни, тогива им маха дјавол елпезе да ги
хлади, да му работат нему и да не спиат. И бега от тие человеци
ангел хранител и се чинат дружина сос дјаволи. И идат у пропаст и
у темница дјаволска и у огин што никој пат не угаснуе. И црви ќе да
ги јадат и гризат. А тие црви никој пат не умират. И ќе да се гладни
тешкиј и страшен глад. Ќе да си жвакат и гризат јазиците у вечниј и
безконечниј век. Това ќе да им плати страшен судиа, син божиј Иисус
Христос - страшен и праведен судија на тие человеци кои пеат песни
блудни.
А ја Теодора како видех тие големи страхови, - и тесен пат чуват
и пазат страшнии дјаволи, толку тесен и страшен пат што не може
ни пиле да прелета, - и многу се уплаших. И от тој страх се заплаках
жално и рекох на свјатии ангели: „Господие мои, не знајат ли
человеци овие страшни патишта дјаволски?“ И ми рече ангел:
„Слушај, Теодоро, сички человеци знајат и слушат свјатое евангелие
и сички книги христианскии се за овие страшнии дјаволски патишта
писуват. А человеци никој пат Богу не се мољат и у нихии секиј час
и секиј пат речи и зборови. И от тие грешни и дјаволски зборови им
ум отемнел и ослепел. А едни от многу спиење, а едни от многу вино
пиење и от многу турлии грехови - сички се како безумни зверови и
добици. Љубат и обичат овој век. А Христос казуе: кој обиче нешто
от овој век, тие человеци се душмани божии. Кога се Богу душмани,
не можат да се спасат.
Пак рече ангел: „Слушај, Теодоро, кои человеци љубат нешто
от овој век, тие немат пат за рај. И нихни души се врзани у руки
дјаволски, зашто љубат мертви и хулни работи“. Сè што е на овој
век, сичкото ест мертво. И Бог неќе тие человеци кои обичат овој век.
Тие человеци што обичат овој век, тие подобре да не се родили. От
них ни един не може да помине овие страшнии дјаволи. Требуе да
мислиме умирање и суд божиј и царство небесное и мука вечнаја.
СЛОВО ЗАРАДИ СВЈАТОЕ ИСПОВЕДАНИЕ НА СИЧКИ ХРИСТИАНИ, НА МУЖИ И НА ЖЕНИ
Да знајат зашто Христос син божиј бил на небо при Отца Бога,
а человеци биле на земља како овци без пастир. Не знале ни Бога
ни кој ни создал, ами служиле, работиле на дјавола. И Бог пожалил
свое создание да ги куртулиса от руки дјаволски человеците - пратил
от небо сина своего, Господа нашего Иисуса Христа. И се родил
чудно и дивно от пречистија деви Богородици, да научи человеци да
верујат в Троице единаго Бога, Отца и Сина и Свјатаго Духа, амин.
И ни дал и ни оставил пат божиј. Што е това пат божиј? Това е
пат божиј; сватоје евангелие. И кои человеци, или мужи или жени,
ако не верујат Христово свјатое евангелие, тие не можат да влезат
у рај божиј, ами тие идат у темно место и у руки дјаволски.
Сички христиани сме чеда божии от свјатое крештение. И сме
се учиниле бели како снег. И сме се отрекле от сичките работи
дјаволски - магии и баење и запотнуење и сон да не се веруе. Тие се
дјаволски работи. Кои христиани ходат по магии и по баење, тие ги
проклина свјатаја церков божија. И тие человеци кои чинат и кои
верујат тие проклети магии и баење, тие человеци работат на
дјавола и се записуват у книги дјаволски.
На сички человеци дал Бог боготкани руби от свјатое крештение
и крила да прелетаме от мрежи и примки дјаволски. И сме должни
секиј час да сме готови за умирање, зашто не знаеме кога ќе да ни
грабне страшна смерт и ќе да ни посече љута секира божија.
А ако некој умре неисповедан, ох тешко и горко нему! Таја душа
не може да се куртулиса от страшни ѓумруци дјаволски. Зашто
грехови загубуват тие боготкани руби и крила што ни дал Бог на
свјатое крештение.
И да се сички чисто покаеме, зашто сме голи, наши души, и да
се облечеме у чисти божии руби, да не се намериме голи, и да се
учиниме дружина со ангели! И така можат человеци да се курталисат
от руки дјаволски. И да покриеме наши голи души!
Слушајте како бидуе покајание! Многу человеци согрешиле - и
царови, ама за нихни грехови се исповедале и многу години постиле,
и ден и ношт стојале на ноги диван Богу и се молиле на Бога и
постиле и плакале. Со такво чисто покајание им простил Бог сичките
грехови и им дал Бог дар да чинат чудо.
Един цар - Давид, за един грех што учинил, пратил Бог ангела и
утепал седмдесјат хилјади војска негова. И другиј газеп му пратил
Бог: негов син Авесалом го испадил от царство. А тој цар Давид
ходил по гори и по планини и секиј ден и ношт плакал. Ама не плакал
за царство, ами плакал за грех негов.
И другиј цар Роман заради една клетва што преступил толку
многу се уплашил от страшен суд божиј, отишел у монастир, се
учинил калуѓер и тамо у тој монастир научил едно дете да го бие
секиј ден сос камџија. И му говорило детето: „Влези, злиј калуѓере,
да јадеш хлеб!“
И другиј цар - Теодосиа, заради една помисл имал грешна - и от
това се уплашил от Бога и многу далеку ходил до Медиолан при
свјатаго Амвросиа да се исповеда свој грех.
И другиј цар утепал человека и за тој грех духовник му дал канон
да иде на една гора висока бос да ходи и тамо да седи гол со царское
украшение четиридесет дни. Тамо седел и малу хлеб јал, малу вода
пил, и ден и ношт се молил Богу и плакал и малу лежал на гола
земља.
Слушајте, чеда божии, мои мили христиани! Ете така се простуе
грех. Царови лежале на гола земља. И тој цар што се учинил калуѓер
- колку имал страх от Бога и се учинил от сите человеци подолу. И
сичките му се смеале, а тој сите срамови терпел сос радостно срдце,
салт да му прости Бог греховите.
Слушајте, царови заради греховите колку големи и тешки
захмети теглиле. А вие сега, гршении человеци, о колку сте
безумнии! Кој сака да му се прости грех, тој перво ест должен да се
исповеда и секиј час, и ден и ношт да се моли Богу и да пости и да
плаче. Така може да се куртулиса от грех и от руки дјаволски, а инако
не е кабил, ако би некој жив изгорел у огин.
Чухте ли, како се царови покајале и колку имале голем страх от
Бога и от страшнаго суда божија и от пламене огња геенскаго
неугасимаго, хотјаштаго пријати прокљатие грешники у вечное и
безконечное мучение и муки? Тие царови се бојале от тие љути муки,
затова толку тешки захмети теглиле. А вие сиромаси грешнии не сте
поголеми от царови и ваши снаги не се помеки и не сте
поблагородни. Сос тие снаги што сте чиниле грех, пак тие снаги да
ги помачите. Така се простуе грех, а инако неќе Бог и не е удоволен
Бог, без захмет не простуе грех никому.
Тие царови имале помногу пари от сички человеци што се на
овој век и можеле да дадат хилјади милиони хазни, салт да не се
толку мучат, толку тешки захмети. Ама инако не е кабил, ако би дал
некој и цело царство. А ако ви рече некој духовник „дајте ми пари да
ви простам греховите,“ сак'н да не го веруете! Зашто сос пари не се
простуе грех. Салт си губите парите, а ваши грехови не ви се
простујат. И тие духовници, кои проштават грех сос пари, тие се
проклети от свјатии отци и от седм собори. Таквии духовници се под
клетва, тие кои проштаваат грех со пари, и от них да бегат христиани
како от љути змии. Тие се душегубци и клетви чеда и без вери, амин.