Слеј се со тишината/ Младост
Изглед
„Младост“ од Ацо Шопов |
- Секоја утрина се будам млад како сонцето
- што далгите но сонот ги позлатуво.
- Како успокојува таа млодост непрестајно
- раѓана
- и каква надеж обогатува!
- Ho минат бргу миговите на утрината
- и еве: вeкe и пладне наближува,
- една мисла бавно над ведрината
- потајно се спушта и загрижува.
- A кога во нокта како пред огледало
- минотото се слее вo иднината
- беспоштедно ме прогонат во мракот
- двете будни очи нa вистината.
- Ho утредента пак станувам пробуден од
- сонцето
- што далгите на сонот ги подмладува,
- па не знам дали од љубов или од омраза
- сo таа младост за се ме наградува.