Писмо од Славе Мерџанов до Димитар Мечев

Од Wikisource
Писмо од Славе Мерџанов до Димитар Мечев

од Славе Мерџанов
Берн, 23 јуни 1898 г.
Драги мој Димче,

Ми пишуваш дека Русија е таа што ќе ни помогне да се ослободиме. А знаеш ли ти дека таа не може никому да подари слобода, зашто и самата ја нема. Како во Турција, така и во Русија царува апсолутна монархија. Кога Русија би ја истерала Турција од Македонија, би воспоставила своја власт во неа. А за каква власт би станало збор, може да ти го рече тоа рускиот мужик.

За развиток на еден народ е неопходна слобода, а слободата не е производ само на силата туку и на нуждата и на свеста. А таква свест може да му вдахне на народот само една авангардна револуционерна организација каква што е нашата.

Дали треба да чекаме помош од нашите соседи: Ние ги познаваме нивните волчји апетити. Нивните шовинистички аспирации и завојувачките стремежи се толку погубни за нас. Сити сме од разните покровителства и милости што не вредат ништо. Бидејќи досега дадовме доста жртви за туѓинските интереси, сметам дека треба да се престане со секакво кокетирање со кој било сосед.