Се смејат мамо мори

Од Wikisource

Се смејат мамо мори се смејат
зошто ме мала омажи [х2]
зошто ме млада зацрни.

Мојте другарки мајко ле
уште по сокак играат [х2]
од пепел куќи си прават.

А јас мајко ле мајчице
со едно дете во раце [х2]
и друго мајко на срце.

Поврзано[уреди]