Прејди на содржината

Сведи се, зелена врбо

Од Wikisource
Сведи се, зелена врбо

од македонските народни песни
Ѓурѓовденска македонска народна песна

Сведи се, сведи, зелена врбо,
долу, подолу!
Мајстора има, зелена врбо,
а куќа нема;
овчара има, зелена врбо,
кожува нема.
Сведи се, сведи, зелена врбо,
долу, подолу!
Невеста има, зелена врбо,
чораби нема.


Поврзано

[уреди]
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.