Роден, роден крај

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Помина ти крај мене
а ми рече два збора
либе одам в туѓина
срцево ми тагува.

Рефрен:

Роден, роден крај
ти си како рај
живот мој си ти [2х]
за тебе пеам јас.
Ќе се вратам в роден крај
кај што цути само мај
да ги видам браќата
како градат мајко рај.

Поврзано[уреди]