Река газит малој моме

Од Wikisource
Река газит малој моме,
бели му се нози,
в' роци носит кошничица
полна с' љубичица.
Се с'рефије мома и момче,
во тесно сокаче.
Проговара младој моме,
на младо јуначе:
- „Дал' на војска одиш лудо,
ил' од војска идеш?“
- „Ни на војска одам, лудо,
ни од војска идам,
тук' сум било на ат-пазар
коња да си купам“.
Пружи рока, лудој младо,
качи ме на коња.
Качи ме на коња лудо,
однеси ме дома.
Однеси ме дома, лудо,
в' шарена одаја.
В' шарена одаја, лудо,
на мека постела.
Татковети поменица,
мајке одменица.

Поврзано[уреди]