Рајко Жинзифов/ Сељанка

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Сељанка“

од Рајко Жинзифов



На утро во селска мала црква
Сја молит на колена она,
Сос нема молитва и мртва
Хубавица и млада жена.

Жена ет, но ет младоженка
И за селски момак хубавец,
Она моминска дала вејка
И дала му момински венец.

И во дреха селска народна
Сја молит, сја крстит она
Сос дума проста и свободна,
С душа чиста, безгрешна жена.

У неја молитва ет прва
Од чисто срце и без злина,
Молитва не крива лукава
Не горда, пâлна сос правина.

Она там сја клањат, сја молит
И млада навеждат глава,
И смирно пред себе сја пулит
И неми уста и без слова.

Сја молит: во младост погрешки
Да немат ни в старост она:
С дни светли, не чрни, не тешки
Душа ѝ да ет опколена.

Да ет весела, жива, здрава
Да имат душевна тишина,
Работна на поле как мрава,
да ет и кротка без љутина.

Сја молит оште и за нешто,
Поклони си клават на земља...
Али чие срце ет вешто
Нека погодит - замâлкнувам ја.

Село С...

Видете исто така

Наводи

  • Одбрани твроби, Рајко Жинзифов, стр. 65, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.