Ранет лежи млад партизан

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ранет ми, ранет лежи млад партизан [2х]
надзглавје, надзглавје му тенка пушка. [2х]
Покривач, покривач му сино небо [2х]
партизан, партизан вели говори: [2х]
Другари, другари верни другари [2х]
писмо ми, писмо ми мене напишете. [2х]
Да знаат дека паднав и загинав [2х]
за нашата, за нашата Македонија. [2х]

Извор[уреди]