Разболе се Ирина мома

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Разболе се, ај разболе се
мојата Ирина,
ете станаа три години
откако лежи.
- Кажи Иринке, ај кажи душо,
од што си болна?
- Мојта болест, ах мило либе
не је од Бога,
мојта болест, ах мило либе
од кара севда.
Пратив стројник, ах мило либе
мајка ти те не дава,
оти јас сум, ах мило либе,
многу сиромав.
Зошто мајко ти ме мене
млада зацрни?
Јас да умрам, ах мила мајко,
млада и зелена?
Јас да умрам, ах мила мајко,
од кара севда?

Поврзано[уреди]