Проштевај ми мила моја

Од Wikisource
Проштавај ми мила моја,
јас си одам многу млад,
а срцето не ми дава,
сама да те оставам.
Те оставам со мајка ти,
татко, браќа и сестри,
јас ќе одам со комити,
в' македонски планини.
Јас ќе одам во планини,
со мојата дружина,
Гоце Делчев да го пазам,
а и другите борци.
Плачат жени, пиштат деца,
тесно им е в' градите.
Сакет да исфрлат маки
од петвековното ропство.

Поврзано[уреди]