Провикнала Драганка

Од Wikisource
Провикнала Драганка леле,
провикнала Драганка
од врв на Пирин планина леле,
од врв на Пирин планина.
Умирам мајко за вода леле,
умирам мајко за вода,
како босилок за роса леле,
како босилек за роса.
Каршија седит овчарче леле,
каршија седит овчарче
и на Драганка говори леле
и на Драганка говори.
Драганке моме убаво леле,
Драганке моме убаво,
таа вода не е убава леле,
таа вода не е убава.
Сношти минаа ајдуци леле,
сношти минаа ајдуци,
крвави ризи испраа леле,
крвави ризи испраа.
Крвави ризи испраа леле,
крваки ризи испраа,
оштри ножови имија леле,
оштри ножови измиа.
Оштри ножови измија леле,
оштри ножови измија,
три глави внатре фрлија леле,
три глави внатре фрлија.

Поврзано[уреди]