Прилепските ергени

Од Wikisource
Прилепските ергени
каде одат и пејат,
по момите гледаат,
да ги видат, ќе свирнат.
И со око ќе намигнат:
- „Леле, леле што се убави“.
Стар бел дедо прислушнал,
бела коса исчешлал
и на баба ѝ вели:
- „Дај мори бабо да те бакнам јас,
и за образ да те штипнам,
леле, леле што си убава“.
Кутра баба не гледа
и на дедо му вели:
- „Де бре старо, будало,
пусти памет ти излегол,
пусти ѓавол ти навлегол,
леле, леле старо, будало“.
- „Пусти ѓавол ми излегол,
пусти мерак ми навлегол,
бабо мори за тебе,
дај мори бабо да те бакнам јас,
и со рака да те штипнам,
леле, леле што си убава,
како солца да те макнам,
леле, леле што си убава“.

Поврзано[уреди]