Прејди на содржината

Праведен арамија

Од Wikisource
Праведен арамија

од македонските народни приказни
Хумористична приказна.

Влегле двајца арамии во некоја црква за да ја пленат, и од кога обрале сè што имало, дошло за едно кандило да го земат. Арно туку тоа било над свети престол, та требало еден да се качи на престолот да го земе, чунки било многу високо. Се качил едниот на престол и фатил да го одврзуа кандилото.
— „Море братко, ти не стори арно, му рекол другиот, што се качи на престолот, море, ами лели таин божји се клава на свети престол, да газиш ти со нозе, мошне е греота“.

— „Море, имај си срце чисто, та ако газиш со нозе на свети престол, нема да ти се пише за грев", му одговорил другиот.

Ете правина како јаже во торба!



Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.