Еднаш еден поп во една недела ги учел селаните.
„Благословени рисјани! — им рекол, — Секој кој што има по две кошули, да ја даде едната на сиромаси".
И некои други такви насиети им дал. Тука била попаѓата, го чула и едната кошула од попот ја дала на некој сиромав. На другата недела попот чека да му даде попаѓата да се преслечи. Изминале така две-три недели, и тогај попот ѝ вели:
— А мори попаѓе, зашто не ми даваш да се преслечам?
— Ами, попе, нема кошула.
— Зашто да нема? Ами каде е другата кошула?
Тогај попаѓата му вели:
— Делми ти, попе, ни рече црков, секој што има две кошули да ја даде едната на сиромаси, и јас ја дадов.
— Мори будала, тоа јас не го велев за тебе, ами за друзите!