Позив дојде војник да одам

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Позив дојде и за мене
позив дојде и за мене, Ленче бре
и јас војник да одам.
Сета рода покрај мене,
сета рода покрај мене, Ленче бре
со радост ме испраќа.
Само мојто верно либе
само мојто верно либе, Ленче бре
покрај мене не беше.
На пенеџере си стоеше
на пенџере си стоеше, Ленче бре
дробни солзи ронеше.
Јас је реков и нареков
јас је реков и нареков, Ленче бре:
- „Молчи либе не плачи“.
Молчи либе дај не плачи
молчи либе, ај не плачи, Ленче бре
бргу ќе се видиме.
Бргу ќе се ај видиме, Ленче бре
љубов ќе продолжиме.

Поврзано[уреди]