Повелба за стратешка соработка за заштита на виталните национални и државни интереси на Република Македонија

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Повелба за стратешка соработка за заштита на виталните национални и државни интереси на Република Македонија

од Македонски национален фронт
П О В Е Л Б А
за стратешка соработка за заштита на виталните национални и државни интереси на Република Македонија

Истакнувајќи ја неповредливоста на суверенитетот, територијалниот интегритет и унитарниот карактер на државата, се обврзуваме дека грижата за нив се наш заеднички највисок приоритет и определба;

Реафирмирајќи ги решенијата од Уставот на Република Македонија од 1991 година содржани во уставите на сите современи држави кои содржат референца на мнозинскиот народ и историски континуитет на односните народи со гарантирана положба на националните малцинства како неопходен модел за градење и развивање на стабилни меѓуетнички односи, соживот и толеранција, ги истакнуваме како темелен услов за мирот, стабилноста и демократскиот развој на Република Македонија;

Загрижени за иднината на нашата земја, а вознемирени од актуелната криза во која е заглавена земјата, се определивме да го дигнеме гласот и да го повикаме народот да го проблематизира начинот на кој се донесуваат одлуките поврзани со виталните национални и државни интереси, а кои треба да бидат засновани на домашен терен, домашна памет и домашно политичко единство како најсилна брана против секаква внатрешна или надворешна закана, а не инструмент на внатрешни делби и конфронтации меѓу Македонците;

Сметаме дека прашањето за опстанокот и просперитетот на државата не е само работа на политиката и институциите на државата, туку, пред се витален интерес на народот, кој е активен субјект и гарант на заштитата на националните и државните интереси;

Здружени сме околу настојувањето да се почитува мислењето на народот, јасно искажано на отворена сцена, и да не дозволиме да се доведе во опасност концептот на унитарна држава со само една државна власт на нејзината територија, државната територија е неделива и неотуѓива, без можност за нејзино дезинтегрирање во федерални единки или територијална автономија, во Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, неменување на името – Република Македонија и спроведување на попис на населението;

Свесни дека во актуелната криза повеќе нема простор за грешки и дека најголемата би била ако дозволиме рушење на државата, дека сега е моментот да го осигуриме опстанокот и просперитетот на народот и државата и дека тоа може да го направиме само со прифаќање на Меморандумот за соработка со кој ќе се обврземе пред народот дека никој нема да чепка во основни заложби без оглед кој победува на избори или преговара со партија на македонските Албанци за состав на новата постизборна влада.

Констатирајќи дека проблемите не можеме и не смееме да ги бараме на друго место, во другите националности, во меѓународниот фактор, кај соседите или кој знае каде. НЕ! Тие се овдешни, во нас, во нашите македонски делби… Имаме милиони причини, историски и наметнати, политички и економски, реални и ирационални за делби и поделби на македонското национално ткиво. Една, единствена мисла е заедничка за сите нас – Љубовта кон Македонија! Кога тоа ќе го разбереме, ги отвораме вратите за решавање на сите сегашни проблеми и отвораме простор за иднината на нашите деца, на нашите семејства, на нашата единствена Татковина МАКЕДОНИЈА!

Бараме прашањето како ќе се владее со Македонија се решава во Македонија, а не во некои соседни центри, во Брисел или во кое било друго место;

Подготвени сме со сите расположливи ненасилни или насилни средства да ја браниме Татковината и да ја почитуваме јасно изразената волја на народот, како единствен носител на суверенитетот и државноста на земјата;

Убедени сме дека оваа Повелба претставува општо прифатлива рамка за сите наши понатамошни активности и облици на дејствување, наша единствена и заедничка цел останува: одбрана на територијалниот интегритет, суверенитет и унитарниот карактер на Република Македонија, како заедничка Татковина заснована на почитување на основните човекови права и слободи;

Водејќи се од наведените определби, свечено изјавуваме и секолнеме дека по секоја цена ќе работиме на нивно остварување, а секое отстапување од Повелбата да се цени за национално предавство во Македонија.

Сите ние, долупотпишаните патриотски сили во земјата, ќе себориме со сите можни средства и методи против сите облици за рушење на Република Македонија.

1. МПЗ Пере Тошев Прилеп

2. МПЗ Андон Ќосето Велес

3. МПЗ Тодор Александров Битола-Скопје

4. МПЗ Апостол Терезиев Гевгелија

5. МПЗ Лазар Поп Трајков Градско

6. МПЗ Димитрија Чуповски Чашка

7. МПЗ Мише Развигоров Штип

8. МПЗ Дамјан Груев Делчево

9. МПЗ Илинден 1903 Крушево

10. МПЗ Непокор Струга

11. МПЗ Васил Чакаларов Тетово

12. МПЗ Јане Сандански Ново Село

13. МПЗ Методиј Патчев Охрид

14. МПЗ Христо Татарчев Ресен

15. МПЗ Славчо Абазов Кочани

16. МПЗ Ангел Винички Виница

17. МПЗ Атанас Бабата Пробиштип

18. МПЗ Никола Карев Чешиново Облешево

19. МПЗ Коста Мазнејков Струмица

20. МПЗ Владо Черноземски Куманово

21. БЕДЕМ

22. Здр. На воени инвалиди 2001

Граѓанска иницијатива Македонски Национален Фронт