Прејди на содржината

Плачи, моме, да би онемело

Од Wikisource
Плачи, моме, да би онемело

од македонските народни песни
свадбена македонска народна песна

Плачи, моме, да би онемело,
како плачет татко ти за тебе,
како плачет мајка ти за тебе,
како плачет браќа ти за тебе! —
— Другачки, верни, неверни!
Да би ме татко жалило,
не би ме мене давало;
да би ме мајка жалила,
не би ме мене давало;
да би ме браќа жалиле,
не би ме мене давале.


Поврзано

[уреди]
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.