Пеш по светот/ Во туѓина

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Враќање Во тугина

од Коле Неделковски
На поетот
Од збирката „Пеш по светот“ пренесена во оригинал на македонско писмо.

Разгоруј небо, разгоруј,
огнови бујни, пламени
фрлај и диво расфрлуј
низ таа земја стемнета.

Па ако негде догледаш
моме со образ увилен,
смили се, срце смириму
и го со надеж зарадуј.

Оти ја се сум далеку —
ширна не дели ширина,
а в гради млади долбоко
сладок ни спомен остана.

Уф, се тој пат се извива,
проклето сонце одмина,
мекава свес ми завива,
ах либе, таа тугина.

Се така ли ке живејам —
туѓино, болка најлута,
без да си младост приберам
крај либе радост долбока.


Поврзано

Надворешни врски