Песна за Цветан Димов

Од Wikisource
Во скопските бездани мачилишта
лежи Цветан, збор не прозборува;
трештат камџијите,
пукат му жилите,
но очите му горат и режат.
Пет дена грозните мачители
коски кршат и живот му цедат.
Малчете, малчете,
потифко зборвете –
ЦВЕТАН ДИМОВ умире во маки!
За гозба се спремајат џелатите:
крф ќе пијат на нашиот Цветан...
Беснеј музиката...
Беснеј камџијата...
Македонец умире за народ!
„ОДМАЗДА, ДРУГАРИ, САКАМ ОД ВАС,
КРФТА МОЈА НЕК' СКАПО СЕ ПЛАТИ!“
Малчете, малчете,
потифко зборвете,
Цветан Димов умире во маки...

Извор[уреди]

  • Коста Солев Рацин, „Поезија“, „Наша книга“, Скопје, 1987, 203 стр.

Надворешни врски[уреди]