Песна за Крсте војвода
Изглед
- Се зададе темен облак
- во комитско ми [?].
- То не беше темен облак,
- туку беше турски џган.
- Сардисаја планињето
- и селото Волкодери.
- И го гледа [?],
- [?] и стражата.
- Абер стори на четата
- на четата во селото:
- „Ја станите мили браќа
- оти сме си сардисани“.
- Крсте викат: „ќе стреламе“
- стража викат: „да бегаме“.
- Се зафати бојот страден,
- меѓу Турци и комити.
- Пушки пукет, бомби грмат
- и [?].
- Турци викет: „Алах, Алах“,
- „Ура“ викет комитите,
- Крсте војвода им викат:
- „Сите браќа, ај по мене,
- клавајте и ножоите
- запалете и бомбите“.