Песна за Дејан војвода

Од Wikisource
Македонијо, младо царство
кај е твојто господарство?
Дали гледаш неправдиње,
неправдиње од Турчиња?
Турско ропство пет вековно,
спаилаци преголеми.
Нестите грабнуваат,
девојките потурчуваат.
Се огласи Дејан војвода,
Дејан јунак, војводата.
Војводата, од Дебрца,
тој народот го повика.
Мој народе Македонски,
кога гледаш зло се прави,
спремај пушки малихери,
в' борба влагај, не се жали.

Поврзано[уреди]