Песна за Арсо војвода

Од Wikisource
Загрме корија, заплака
зароси роса крвава.
Зароси роса крвава,
заради Арсо војвода.
Каде се чуло, видело
сестра да брата предаде?
Станала рано в' недела,
отишла в' село Другово.
Друговци ?
ако го Арса барате,
Арсо е в' Подвис на гости
со својта верна дружина.
на конак
кај Спира и кај Томета.
Кај Спира имат пет мина,
а кај Томета шест мина.
Станале пусти Друговци,
отишле долу в' Кичево,
викнале силна потера,
селото го сардисале.
Потегна на Арсо војвода,
затегна пушка малихер.
Прва ми пушка што пукна,
дурбашијата ми падна.
Втора ми пушка што пукна,
а чауш од коња падна.
Треќата пушка што пукна,
падна ми Арсо војвода.

Поврзано[уреди]