Партизан се за бој спрема

Од Wikisource
Партизан се за бој спрема,
носи пушка на рамо, на рамо.
Збогум мајко, збогум татко,
Збогум мила сестрице, сестрице.
Јас отидов на далеку,
на далеку в планина, в планина.
Едно утро писмо стигна,
мисли мајка син пише, син пише.
Во писмото два-три збора:
„Син ти, мајко, загина, загина.
Тој ни беше верен другар
и одличен партизан, партизан.
Кога борба се водеше,
тој сè напред тргаше, тргаше.“

Извор[уреди]

  • Васил Хаџиманов „Македонски народни борбени песни“, „Кочо Рацин“, Скопје, 1960, 101 стр.