Ој љубов, љубов

Од Wikisource
Ој љубов, љубов, љубов безнадежна,
ој љубов, љубов, љубов безнадежна.
Ја стани, стани прва веренице,
да те прегрнам за последен пат.
Не можам либе, не можам да станам,
црната земја голема тежина.
Црните очи змија ги испила,
в' русата коса гнездо направила.
Ја стани, стани, прва веренице
да те прегрнам за последен п'т. [2х]

Поврзано[уреди]