Прејди на содржината

Ој ти моме, малој моме

Од Wikisource
Блазе си ти малој моме
блазе си ти на душата
што си спиеш при мајка ти
при мајка ти, при татко ти.
А јас сум си сам сиромав
сам легнувам, сам станувам
на полноќ се разбудувам
малој моме побарувам.
Малој моме не најдувам
ал перница прегрнувам
дробни солзи проронувам
чаша солзи наполнувам.
Дробни солзи проронувам
ал шамивче натопувам
ал шамивче натопувам
на гради го исушувам.

Поврзано

[уреди]